црница ж.

црница (ж.)

Вие ќе си спиете внатре, а баба Анча овде, под црницава да ве чува. Блазе ви!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Десно од вратата на куќичката камен за седење, а уште понасреде, негде околу средината, голема и дебела црница.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
При кревањето на завесата баба Анча спие под црницата на гола рогузина, само на една перница, не соблечена и непокриена.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Како да се беа здоговориле со Белича; тој незабележано се искраде од бараката, кај црниците го чекаше веќе Белич готов за бегство, но како одеднаш се најдоа пак таму, сред блатото, на чун?
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
И, наеднаш во очите му блесна искра: тој решително зачекори накај високите црници, во правец на бараката на штабот.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Поручекта, кога бригадирците се растурија по бараките на починок, Мече неочекувано ја забележа меѓу црниците светлокосата глава на својот другар.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Преку денот Гоце или навратуваше во меаната на татко му, за да му помогне во работата, или седеше во дворот под црницата...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Застана под прозорецот во мракот под една стара црница.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
— Само добро држите да не ни куртули и овој сефер, оти сите ќе ве избесам на црниците пред кашлата! — им се закани јузбашијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се топи бакарот во звучниот тас на езерото течејќи од сонцето кон нас но моравото небо од црниците на Радожда со пепелта своја се постила.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
- Напишета само: капетан Никола, Аспровалта, тоа е доволно! - ни рече таа на збогување, ни набра црници и ги стави во едно книжно ќесе. - Благи се и освежителни! - со насмевка ни рече Параскева.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Само вика: јаболкници, круши, сливи, црници, вика и ги преќача присадите, ги одврзува снопчињата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога се врати дома, по сфатката со Дамческите, за да се успокои, не се качи горе, во харемот, туку нареди да му постелат под црницата и таму да го услужат со татли кафе, локум и студена вода а потем заповеда и Коранот да му го донесат тука.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Само повремено, од црницата на Надежда капнуваше по некоја црница, бела ашлама, и кокошка веднаш се вдаваше и ја клукнуваше.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се доближив до стаклото. Светот надвор имаше жолто-модра боја, како мртовец легнат под црница, нешто дамнешно, мртво, а присутно. Не изгледа дека е стварно, а стварно е. Што е стварно?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Неговата пак грижа за мене, која почна со убав збор, потоа со канче црници, па со едно маче, па со телевизор во боја, сега ги надмина сите размери.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Го нашла на средсело и пред сите луѓе беше му рекла: „Јас тебе ќе дадам градината, нивата сосе оревите, црниците, куќата сосе црниците, пари не сакам да ми платиш, бакшиш ти ги оставам, само ќе гледаш чешмата да не секне.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Јас го позедов канчето. Беше полно црници.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Црниците, меки и миризливи, се топеа в уста со онаа сочност и по малку тешка сладост.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Дворот е непрепознатлив. Ја нема големата црница и чешмата до неа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Повеќе