црнец м.

црнец (м.)

Не бев прав. Утредента некој читал во весниците дека прегазениот црнец не бил пијан. Не бил пијан ни шоферот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Црнец! Почувствував желба да го видам несреќниот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во еден агол, наспротив него, седи друг црнец.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Не сум Черчил да ја изменам судбината на црнците по колониите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Вистина, место на крокодилот можев да налетам на некоја голема змија што може да голтне бивол, или можеше од зад некое дрво да ме пречека горило, но им ветив на црнците да ги ослободам од крокодилот и јас тоа морав да го сторам.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Старецот го виде и црнецот и затропа весело со рацете.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Црнците ме разбраа и заиграа од радост.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Надве црвен клас се дели. Буква надве книга кине. Пеат седум Црнци бели.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Нека оди да си го гледа алот дома. Се убиваат со машинки по улици. Ги мачат Црнците.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Речиси на секој чекор се среќаваат црнци, веројатно студенти кои продаваат сувенири од своите земји, изработени од дрво и железо.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Гледаат кон Арапите, кон црнците и плачат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во таа година Тексас се одвојува од Мексико (група јужни држави на Америка бара новата членка на Сојузот да го прифати црнечкото ропство) а Линколн, борец против ропството на црнците на југ, е пратеник во сојузната држава Илиноис.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се обидел да го исклучи плинот. Се срушил врз подот. Го нашле потемнет, како црнец, изеден од гасот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ана беше непредвидлива, седеше токму на седиштето крај прозорецот, таа веќе се наоѓаше таму кога јас влегов на станицата Етјен Марсел па кога некој Црнец ослободи едно седиште напред за кое како никој да не беше заинтересиран, па кога јас успеав да се провлечам со некој неодреден изговор меѓу колената на двајца патници што седеа на седиштата покрај ходникот, останав покрај Ана и, речиси едновремено, бидејќи влегов во метрото токму уште еднаш да ја одиграм играта, го побарав профилот на Маргарита во одблесокот на прозорското стакло, и помислив дека е убава, дека ми се допаѓа нејзината црна коса со како птичје крило што накосо ѝ паѓаше преку челото.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ако сакате граматичко правило: прирокот фонетски се совпаѓа со субјектот: На пример: Le negre aigrit, les negresses s ,aigrissent ou maigrissent. (Црнецот се скиселува, црнкињите се скиселуваат или ослабнуваат. Фонетската игра со зборови се губи во преводот; заб. на прев.)
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Реакцијата на насловната беше бурна, и од страна на Евреите и од страна на Црнците, сите сметаа дека се длабоко навредени. (п. п) okno.mk | Margina #8-9 [1994] 101
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Освен во случаите на народите како што се Палестинците, Јужноафриканските црнци, Порториканците или Курдите, национализмот е во целост негативна сила бидејќи тој поттикнува политика на војни и ксенофобија.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
„Лонецот за претопување“ подразбираше дека Црнците треба да ја остават нивната историја зад себе и да станат дел од поголемото општество. Секако, тоа не се случи.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Насловната беше темпирана за “Денот на вљубените”, (Св. Валентајн), и прикажува бакнеж меѓу Евреин - Хасид и Црна девојка (според фризурата, со потекло од Карибите), во време кога во New York се случуваа изразито насилни конфликти меѓу Хасидите и Црнците од Бруклин.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Се прашуваме дали, ако Кинеското дрво ни значеше исто како и нему (како и морскиот брег и рамницата во близината поради која мисли дека светот е тркалезен, Црнците, шумата, ослободената пијавица и мочуриштето кое се граничи со гробиштата и игралиштето, црквата, неговата куќа, олеандрите, палмите и комарците, дабот кој има лулашка направена од автомобилска гума, лулашка која треба да се поправи, вилицата на ајкулата, школките од левата и од десната страна, и гризот за доручек) - па, само се прашуваме.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Повеќе