црешов прид.

црешов (прид.)

Тој на едно црешово стебло се пентареше, јас на друго.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тогаш знаеше, само навечер, кога свеста ќе му се замрачеше од селската црешова ракија, дека ќе стане она што мора да стане.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А кај строшеното црешово топче тонеше во крв војводата Питу Гули. Тој беше мртов!...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Црешовото топче пукна! Но и самото се распука - ...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се продолжуваше нечујната трпелива игра на белите црешови цутови на снежинките.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во таа ноќ луѓето делкале од тврдо црешово стебло топ.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тогаш знаеше, навечер, кога свеста ќе му се замрачеше од селската црешова ракија, дека ќе стане она што мора да стане.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Дрвото, сум слушнал, треба првин да е или црешово, или јаворово, а после...“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Зошто не и тишина Зошто не и праг Што води во домот Слично на скали Што треба да нѐ одведат до прозорецот на душата Минуваме низ запален снег Во сончево јануарско утро Белината е кладенец Црешовите цветови Доаѓаат да се огледаат во него (Аџилак на нежноста.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Ѕвездите мои трчаат по мене во темнината Тие безочни дрски бесрамни животинки Што се умилкуваат додека Касаат и додека поганат наоколу Вреват: ние сме гласници на мајките и на татковците Врескаат: ние сме црешови цветови Од градината на твоите мртви сестри Клај нѐ на јазикот ако не веруваш Пробај ја нашата треперлива белина ако не веруваш И лудо се смеат ѕвездите мои Што трчаат по мене во темнината И кинат кинат од моите меса Од мојот здив од мојата возбуда „Како ме пронаоѓаат?“
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Таа уживаше во мирисите и боите на прекрасната градина, знаеше со саати да си лежи на едно ткаено чергиче под расцутените црешови дрвја, да ги слуша разговорите на птиците и да си игра во мислите со облаците...
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Црешовите дрвја што таму цутат на пролет.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Животна желба ми е да ја примам убавината, да присуствувам на фестивалот кога цутат црешовите дрвја. ***
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Две птички... на црешово стебло во густите цветови, милувки Две птички сиот универзум е со нив...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Тогаш од пепелта на самотијата се зададе Давид, на мнозина им се стори малку подгрбавен и омлитавен, киниса средполе, однапред отпишан и прежален од сите, да му се истопори еден на еден на титанот, мечка страв мене не страв, нешто си мрмореше самиот на себе додека ја токмеше прачката, срдито си велеше доста тука се пееше прачка имам кураж немам, време е да има варено млеко за нашите деца, време е на пазарите да има и цреши без црви и со црешови семки да се запише дека тука нешто вистински постоело.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)