цвили несв.

цвили (несв.)

По тија пот се човечка дими и снага крвава цвили, по тија радост никога нема а с'лнце радосно има!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Само цвилам и вртам натесно со главата, го касам до кај што можам да досегнам. Борба за живот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Луција цвилејќи и кршејќи ги ноктите го гребеше и го гризеше штитот на таинствениот мајчин фустан.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Гасовите во мојот стомак се раздвижија и почнаа прво да татнат, а потоа да цвилат во двоглас.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Едно тригодишно девојче кое очигледно сѐ имаше загубено во толпата, како кутренце цвилеше по нејзините родители.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Толку цвилам што боли, а ти не сакаш да те обвинат за малтретирање животни.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)