хибрид м.
хибриден прид.

хибрид (м.)

Башка повеќе жежи затоа што „културата“ (во чие опкружување се обидува да дише на шкрги и да биде одвај видливо, ко Челичната Шепа, ова ситно, наказно телце по име Маргина/ Темплум, некакво си хибридче од пар култури, и затоа опасно) речиси дека е на ниво на племенска култура, без критериуми, релации, фидбек, самопрогласена, самобендисана, без најобична рецепција (а камоли „критична“!), култура во која бавењето со книги или е работа на примитивни социјалистички профитери- гребатори или најцрн идеализам кој за кратко време ишмукува толку што човек се претвора во школка, во ехо на згазен молител.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Земајќи го предвид можниот обем на елементи кои учествуваат, резултантните хибриди ќе бидат скоро неограничени, гарантирајќи дека наместо хомогенизација на светската култура попрво ќе има бесконечно многу различни џамлии. 20 Margina #4-5 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во секој случај немаме друго освен да бидеме апсолутни хибриди. Сите заедно.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
По својата форма на формирање СОЕ претставувала хибрид формиран од повеќе одделни организации кои биле формирани за таа цел: од секција Д како дел од тајната известителна служба (Secret Intelligence Service-SIS), задолжена за изведување на саботажи и која била активна на Балканот пред 1941 година; МИР дел од воениот кабинет и Elektra House, задолжен за пропагандна активност.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Еден од „самопрогласените“ рецензенти на ова издание пиша дека ова е еден хибрид помеѓу (стихо)збирка од есеи и добар Марвел стрип.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Како резултат, современиот урбан јавен простор – заснован врз премисите на ред, надзор, контрола и профитабилна употреба – е хибрид од намалено политичко претставување и зголемен комерцијален интерес.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)