фолија ж.

фолија (ж.)

Се купува спакувана во хартија или пластична фолија и се отстранува со загреан нож.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Како што хероинот полека се загрева и почнува да се лизга по сребрената фолија, бавно ги вдишувам облаците веднаш под главата на змејот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Вечеравме покрај свеќи - природна храна - а потоа облекувавме провидни фолии и водевме весела, санитетска љубов.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
А во тврдиот наш патријархален принцип (подобро речено, сèмрачно јадро, бидејќи принцип подразбира некаква рационализација) не е важно која идеолошка обланда ќе ја земете, во која фолија ќе се вовлечете, со која змиска кожа ќе се преслечете. 24 okno.mk
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Не знам дали ме забележуваш, но секогаш будната љубопитност на интервали ги отвара дебелите конкавни фолии на очните дупки во мојата глава.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Зборовите најпрвин се кршеа на делчиња, па се толчеа, се загреваа на алуминиумска фолија и потоа се вдишуваа, како најфин парфем.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
На пазарот пласира ПВЦ цевки и компауди, фолии и вештачки кожи, како и гранулат и гумени полнила.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Дедо Кизо во рацете го стискаше далечинското, свиткано во проѕирна фолија, за да не се замасти од пипкање.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И, додека гледам како под фолии насадил цели леи вртипоп, нане, босилок, мајчина душичка, тој ми покажува дека има и сушилница за билките, горд на производството и на погонот за пакување: маса на која една жена од ѓутуре ги меша сувите растенија, ги мери на кујнска вага, ги пакува во теглички и им лепи декларации.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Напред жардиниери со менѓушка, позади пипер, патлиџан, расад под фолија.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)