филџан м.
филџанче ср.

филџан (м.)

Две свршеници оставил. Првата му донесла в кафе мува, паднала во филџанот, а не видела.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
МАРА: Кате, подај ми ја, ќерко, кутијата од кафето и донеси филџани.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
ДЕПА: Што натемаго е! Кога ќе се зазборува!... (Мара турува од ѓумчето ракија во филџаните.)
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
КАТА: (носи филџани и ги става на огништето пред Мара). Еве ти и филџани.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Стојан го направи кафето, а Велика, снаа му на коџобашијата сврши со едно „добро дошле" на сите и ги донесе филџаните.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога Ангеле успеа вака да ги поколеба и Бошка и жена си, го остави својот филџан настрана, го тргна и Бошковиот и му се сврте.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
НЕДА: (Ја испраќа, потоа забрзано ги изнесува филџаните од кафето.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Салепџијата, со калаисаниот ѓум во едната рака, а во другата со таблата со шарени филџани, викаше: - Ајде, ајде, салеп! Тазе, тазе салеп!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Французите застанаа зад нив, почнаа да ги загледуваат, да се чудат што станува Шишман прв го крена својот поглед со очи големи како филџани, бледи од тага.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тоа влезе со еден филџан и полно гезве „сааде“ кафе, а Адем го кладе да седи до него на миндерлакот и почна да го гледа право в очи: — Е, Кате? Слушна што зборував јас со чорбаџи Јован, а?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Ете и него ќе ми го продаде Адем" — си помисли Јован во себе, и кога го кладе филџанот на дизгот му се опули право в очи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Штом ќе се разгласеше дека војната завршила, луѓето сета комина што ја имаа (од сливи, од дренки, од муренки, од грозје, од кајкушки и оскоруши) ја вадеа од бурињата и ја носеа на казаните крај езерото да ја печат; се носеше и комината од црковните сливи и лозја и деноноќно се печеше ракија, и деноноќно се пиеше; пиеше старо, младо, машко, женско; како што капеа казаните - така луѓето со чашки, со филџани, со канчиња, со матарки, црпеа од ракијата, пиеја, наздравуваа еден на друг, ѝ наздравуваа на слободата, се бацуваа, пиеја колку што душата им сакаше и не им сакаше, кој како ќе се испијанеше скокаше сосе алишта во езерото или пак луѓето го пикаа да го оладат и отрезнат; но по секое отрезнување - започнуваше ново пиење.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но четвртиот, наведнат над филџанот, како воопшто да не го забележува објективот пред себе.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Не брзајќи да посигне по понуденото, а плашејќи се дека ќе го навреди домаќинот ако го откаже сосема, Софроние направи благ и неодреден поклон нанапред спрема филџанот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Арслан бег не го сфати најдобро Дамчета; смеејќи се гласно си ги разоткри намерите: Ќе си најдам, тики ако сите вие ми дадете само по еден филџан сол, мене ќе ми се собере цело буре.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но стрина Спасија уште погласно пиштеше и си ја корнеше косата, зашто од очите на Руса ѝ течеа солзи право прудолу по секотините и право прудолу со секотините се чинеше ќе ѝ истечат и очите со боја на модар јоргован и големи колку филџани, толку што беше огрубена.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
— И јас овде имам дете, велам и солзите веќе ми се закреваат оздола, ми капат во филџанот, во кафето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нека и натаму во салонот пијат кафе од шарените порцелански филџани од Кина, нека се судираат со своите добри, заситени очи со прекорот на долгото умирање.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Кафето не му остава знаци во испразнетиот филџан.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Донесе два филџана кафе - за мама и за него - и чаша сок за мене.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Повеќе