фашист (м.)

Пандета го утепаа, а Алексо ранет лежи, на фашисти гордо вели: „Убите ме, в кучина, другарите ќе ви платат!
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Доста е ропство, доста тиранство, доста трпевме клети фашисти!“
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Нека разберат крвави фашисти: македонско име нема да загине!
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Да живее Револуцијата. Долу тиранијата, смрт на фашистите!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Мораш да умреш, фашисту, - тоа малку го смири татенцето.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
А кога во 1941-та, на сам ден Благоец, 24 април стар стил, фашистите ја завојуваа Потковицата, него, меѓу првите, го собраа војска, а кога, пак, го пуштија од војска, го поставија да биде писар во општината во Тополчани и го вооружија со пиштол.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тогаш Потковицата беше завојувана од фашистите. Фашистички војници и полицајци, заедно со нивните палатки имаше насекаде низ Потковицата, дури и на срецело.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тогаш, кога ги протераа од Потковицата и од сиот овој дел на Македонија фашистите и кога стапија на власт комунистите, младежта, подгрејувана од нив, од комунистите, ја зафати едно неверување во бога, во црква, во самовили и во сѐ во што, научени од дедо и предедо, нивните татковци веруваа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
— Вие сте фашист?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Еден фашист помалку, велат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како померена, подизлезена од умот. ,А бре, Македонче, каде се спремаш", јас не знам што било што сум велела, ,нека разберат клетите фашисти", сум се мачела да пеам и само да му се истргувам на Алекса, само да го удирам по глава.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Еве комунисти фашисти како партиите се распоредуваат во вака тоталитаризам дефинираниот политички простор:
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Оние што го гледале филмот знаат дека се работи за фашист кој завршува поткажувајќи го својот слеп пријател (како фашист) кога Мусолини паѓа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Овие критичари велат дека сме фашисти или педофили или што било, но еден таксист од Источен Лондон би ни рекол, „О, да, вие ја имавте онаа фантастична изложба, добри сте, батко.“
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Нацијата е онаа што обликува и владее”, вели фашистот Хајнц (Sprengstoff).
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
По капитулацијата и заминувањето на германските фашисти во ноември 1944 година власта ја зазеде нашата славна комунистичка партија...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
По потреба на авторитарната „цел” (под наводници, бидејќи целта подразбира некоја историска efficiency, а авторитаризмот е оксиморон кој гласи: биолошко владеење на смртта) можете да бидете ту антифашист, ту фашист, час интернационалист, час националист, час хуманист, час шовен и воен хушкач, час комунист, дури усташа или четник.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
А фашистот Ернст фон Саломон вели: „Не се бориме за народот да стане среќен, туку да го натераме на неговата судбинска линија”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Е, мила моја, кога дојдоа италијанските фашисти во Поградец, пак проработи нашата асма, тој остаток на крвната одмазда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ноќта бргу падна, сијалиците го заменија сонцето во одајките и додека вечераа во кујната, со нурнат поглед во чинијата со манџа Пелагија го откри Егеецот Димостен, Влав од селата на Кожув Планина, човекот со дрвената нога, со убавото лице, со благиот глас, со косата што паѓа врз очите, рече додека тој се биел против фашистите со партизаните, го запалиле неговото село, со другите куќи изгорела и неговата куќа, ама во неговата куќа била неговата жена и деца и оти далеку во други планини со бојови зафатен за несреќата дознава дури кога и тој останал без една нога а се лекувал тука близу Скопје, во партизанската болница Катланово.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Повеќе