фанфара ж.

фанфара (ж.)

Со силни звуци на труби, на фанфари и на што ли уште не, започна претставата, која траеше речиси над два часа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Со звукот на фанфарите на бината се искачи Дедо Мраз придружен од снегулки, Снежана и седумте џуџиња, Штрумпфови и Штрумпфети, и Мики, и Мини, и малата индијанка Покахонтас, и разни шумски животинки - вистински свет на бајките...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Како бајонети на силна светлина се пробиваат звуците на фанфарите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А беше дошло такво време – никакво: насекаде ечат фанфарите на силниците, нови тендери за извоз на демократија сѐ додека увозниците не сфатат дека сила бога не прашува.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Во тој миг во главата на Рада небаре засвире оркестар од фанфари.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Војнички фанфари и истрели од плотуни се слушаат по секое покривање на гробот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)