утописки прид.

утописки (прид.)

За да се постигне утописката цел повикани се козарите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Време на загубено детство, на сакани лица кои повеќе ги нема, на средби и раскази, ете го јадрото на целото романескно творештво, каде што Луан Старова, навраќајќи одново на знаците на семејниот егзил дури и во неговите најзванични функции, ги посматра знаците на историското насилство и предлага модели (можеби утописки) за соживот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кога луѓето немаат конкретни решенија за определени ситуации, излезот го бараат – во големите идеи! Најчесто утописки.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Затоа современата левица чувствува недостаток од таква партија и сценарио какво што го покриваше тврдењето на Маркс и Енгелс дека нивната мисла е повеќе „научна“ од „утописка“ - повеќе гласот на реалноста одошто на фантазијата.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Социјалистичкиот кич имаше проекција за иднината, па според тоа и силна утописка димензија.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Националистичкиот кич своите содржини ги црпи од страсната внурнатост во “суштината на националното битие” и како таков свртен е кон минатото и лишен од утописката димензија.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во секој случај, тоа била приказна која ги оправдувала неговите утописки општествени цели.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Затоа, штом се симнав од валканиот воз и минав низ Железничката станица, една стара зграда што и по својот изглед и амбиентот недвосмислено потсеќаше на последните романтично утописки денови на грофот Толстој, без нервоза тргнав пешки низ паркот што започнуваше веднаш тука, едно дваесетина метри подалеку од станицата.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Но ваквата претстава во голема мера е утописка и нејзиното остварување е невозможно поради силите на инерцијата, ентропијата, апокалиптичниот тестамент и партикуларниот егоизам.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Овие утописки гледишта тој во текот на 70-те донекаде ги корегираше, станувајќи свесен за длабоките проблеми со кои светот и понатаму е соочен, а кои не можат да се решаваат исклучиво со примена на технологијата.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Не откривајќи излез за својата утописка замисла, уверливи модели во човекот и неговата историја, тој се препушти во времето на фашизмот и сталинизмот, да трага по спасоносниот пат на јагулите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Вујна Клементина, слушајќи ги и таа ученичките, од различна националност и вера, како пеат една француска песна, знаела дека не е ни место ни време за да ги искажува своите дилеми, кога нејзината штитеничка Ервехе веќе беше восхитена и прифатена во „утописката оаза”.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Какви шанси имаа сега да заживеат овие утописки оази во Балканот во пламен?
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Исчезнуваше верноста кон нив, макар што кохезијата на земјата почиваше на сега видливите утописки идеали.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Јасер Арафат во својот живот-легенда, ширејќи ја вистината за Палестина во планетарни димензии, се чини на крајот стана конечна жртва на своите утописки илузии дека ќе владее во слободна Палестина, минувајќи неколку години во Рамалах, во својата Газа, во едно парче на Палестина, како во вистински кафез на слободата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На крајот стана жртва на својот утописки прагматизам...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во тврдината завршија козите со козоводецот Чанга, сите отидоа курбан, под притисокот и налетот на еден режим, во утописки занес да го донесе рајот на земјата...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Таа го гледаше својот сопруг како задоцнет балкански Дон Кихот, на кој му се придружил и Татко, или обратно, како со нивните книги, најдени помеѓу Западот и Истокот, со нивните проекти, кои можеа да се сметаат и како утописки според можностите во времето во кое живееја, тие како залудно трагаат по излезот од варварството и идеологијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)