усовршува несв.
усовршување ср.

усовршува (несв.)

Од друга страна, заинтересирани се да разберат на кој начин дрогата влијае на репродуктивните способности, дали ги усовршуваат или осиромашуваат.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Револуционерните занаетчии, спротивно на тоа, тврделе дека идеална чевла не постои, како ни непроменливата форма и дека тие самите треба да пронаоѓаат нови форми на чевли и постојано да ги усовршуваат.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Меѓутоа тоа не го смалува значењето на Кејџовиот пронајдок кој генерации млади композитори и следбениции ќе го усовршуваат и ќе создадат денес веќе обемна литература за овој инструмент.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Свет на страв, измама и мачење, свет во кој газиш и биваш газен, свет кој ќе станува не помалку, туку сѐ побезмилосен колку што ќе се усовршува.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сето тоа со текот на еволуцијата се усовршува, па доаѓа и до развивање на уште повисоки мозочни функции.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)