усовршување ср.

усовршување (ср.)

Сегашната наша интелигенција треба да го посвети сето свое работење над моралното и умственото усовршување на својот народ и создавање на една идеална македонска интелигенција.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Значи: душата на животното е безлична и никакво духовно својство и усовршување не му е потребно; со умирање на телото - умира и таа со него.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Оти кажано е: оној кој не се грижи за своите маани, се занимава со усовршување на мааните кај ближниот свој.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И тој како ѕидар учествуваше во развојот на овој предел, одејќи во чекор со најновите усовршувања и иновации во трговијата, употребувајќи најнови и различни материјали, менувајќи ги стиловите на куќите, што ги градеше, од стари конвенционални модели до најнови типови на ранчови, и подредените викендички кои сега се протегаа во бескрајни редици на обете страни од сообраќајната артерија.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Суштината на ваквите учења е во тоа дека животот во овој свет ѝ служи на некоја повисока цел, која не е лесно да се одгатне, но која несомнено значи усовршување на човечката природа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Исто така беше укинато правото на остварување на работен однос без дозвола на странци кои се на специјализација, стручно усовршување и странци ученици и студенти кои со меѓународна размена престојуваат во РМ.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Законодавецот се обидел да ја санкционира и одмаздољубивоста на помоќниот in concreto, пропишувајќи дека поради поведување постапка за правна заштита од мобинг, како и сведочење во текот на постапката, на вработеното лице не може, на посреден или непосреден начин, да му се влошат условите за работа, односно не може да биде ставен во неповолна положба, посебно со намалување на заработувачката, преместување на друго работно место или спречување на напредување или стручно усовршување – т.н. деградација и/ли стагнација (чл. 2, ЗИДЗРО/септ.09); 23 в) во оваа група на антидискриминаторски одредби спаѓаат и оние кои се поврзани со кандидирањето и селекцијата за одредено работно место.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Поради поведување постапка за правна заштита од мобинг, како и поради сведочење во текот на постапката, на вработеното лице не може – на посреден или непосреден начин – да му се влошат условите за работа, односно не може да биде ставен во неповолна положба, а посебно преку намалување на заработувачката, преместување на друго работно место или спречување на унапредување и/или стручно усовршување (чл. 11, ст.2-3 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Основните мерки за остварување на принципот на еднакви можности на жените и мажите се нормативни мерки од областа на здравствената заштита и здравственото осигурување, социјалната заштита, пристапот до добра и услуги, економијата, работните односи и вработувањето, образованието и стручното усовршување, економските и сопственичките односи, користењето на јавните производи и услуги (потрошувачки права), културата и спортот, информатичко комуникациски технологии, одбраната, правосудството и управата, домувањето, јавното информирање и медиумите, државната и јавната администрација и други области определени со овој или друг закон со кои се забранува дискриминација врз основа на пол.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Со единственото изменување и дополнување на овој закон дојде до продолжување на рокот во кој странката која ги добила предлогот и документацијата од надлежното министерство треба да се изјасни дали прифаќа мирно решавање на спорот; се донесе одредба која дополнително го ограничува правото на штрајк во дејностите од општ интерес во случај на колективен спор; целосно се избришаа правата на помирувачите, односно арбитрите на стручно усовршување, правото на плата и придонеси од задолжително социјално осигурување, а се укина и Републичкиот судски совет за мирно решавање на работните спорови.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)