употреблив прид.
употребливост ж.

употреблив (прид.)

Henry Ford бил вистински гениј, бидејќи прогнозирал дека неговиот изум ќе стане употреблив предмет за поединецот. Автомобилот значи дека секој ќе биде мобилен.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Уметничката политика тој ја разви во нов инструмент за раководење, употреблив и во внатрешната и во надворешната политика.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Еден кревет употреблива убавина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Од куферот ги извадив подароците што мајка ми ги имаше подготвено за семејството, од најразлични тракатанци до употребливи работи, а потоа и јас добив подарок од нив - еден голем кафеав ѕиден часовник.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Облеката што беше употреблива се праќаше на дезинфекција и дезитерација во соодветни комори. (....) Слично беа прифаќани и другите транспорти.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Пред носењето на судиската одлука, единственото употребливо ‘право’ е мислењето на правниците [opinio iuris] – а, пак, тоа воопшто не е реално ‘право’, туку само претпоставка или, уште подобро, предвидување за тоа што ќе одлучи конкретниот судија во конкретниот предмет по кој постапува. 
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Единствено употребливи беа предметите што ги произведуваа работниците без да знае шефот, тогаш кога се знаеше дека ќе отсуствува неколку дни: столчиња за нозе или украсени сандачиња, сигурни и едноставни; дури и правнуците ќе јаваат на нив или во нив ќе ги чуваат своите дреболии; корисни сталажи за облека на кои ќе стојат кошулите на многу генерации.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)