униформност ж.

униформност (ж.)

-Тие на секој начин се обидуваат да наметнат роботска униформност а да ја скршат различноста, индивидуалноста, и независноста на мислењето.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Слично, пазарите, екосистемите и вулканските карпи се структури во кои се обединети хетерогени елементи, без да им се наметне униформност.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Меѓународните установи секако се свесни дека е нужно да се сочува разноликоста на културите во светот, на којшто му се закануваат монотоност и униформност.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Под од плочки, висечки таван и слична “униформност” придонесуваа за конфузија на пациентот во воспоставувањето однос кон просторот и времето.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Од времето на униформноста, од времето на осаменоста, од ерата на Големиот Брат, од ерата на двомислата - поздрави!“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сега за прв пат постоеше можност да се изнуди не само целосна послушност спрема волјата на Државата, туку и целосна униформност на ставовите за сите прашања.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Навистина смртта на наш близок и почитуван роднина е таков феномен што најсилно ја поттикнува униформноста.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Видот на кохерентноста што ја има културата не мора да се огледува во никаква униформност на ставовите и на однесувањето на дел од популацијата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)