улога (м.)

Руската народна приказна одигра голема улога во развитокот на креативните способности кај класичните мајстори на руската проза - Толстој, Достоевски, Лесков, Островски.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тие не одат подалеку од улогите што секојдневно ги интерпретираат, со што е постигната веродостојност.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тоа доведува до ситуација исполнета со црна иронија, бидејќи пациентот често игра улога на психотичен или се преправа дека тоа го прави.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Сега, Куликовиот парадокс е дека се преправа во Павловото куче, додека во стварноста тој нема друга улога освен онаа на Павлов!
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Бев изморен и измачен од театарската пиеса во кафеаната во која сите актери ги имаа научено улогите однапред, а само јас бев негативниот лик кој требаше да ја игра улогата како што знае и умее.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Овој пат без присуство на другите – беше без маската на апсурдната претстава, во која претходно ја играше улогата на антиверскиот Јаго.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Оваа статична слика на хрватското општество во која улогите на мажите и жените еднаш засекогаш однапред се зададени и се чинат просто природни, сериозно меѓутоа ќе се разниша ако малку подобро го разгледаме историскиот контекст внатре во кој е ситуирана нашата стварност. Маргина 35
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Зборуваше потоа, како навиен, за незаобилколната улога на Партијата во ликвидацијата на домашните и странските непријатели, за нивната спрега.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И се чуди од каде такви излеговме, таков чурук, вели, да не може човек да поверува дека воспитувањето има толку мала улога во развитокот на децата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Настанал вистински проблем. Никој не бил подготвен за ваков тек на настаните. Требаше да се менуваат улогите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Прво зборуваа воздржано за премиерата, небаре од гледиште на гледалиштето; потоа поминаа на пофалби за работата на режисерот како негово дебѝ, па на комплименти и признанија за улогите на колегите во одделните сцени, за на крај да завршат со бесрамно откриени самопофалби што кулминираа повеќе со дерење одошто со пеење, поправо со разногласје колку грло ги држи.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во постојан дослух со еротиката на творењето жив, а смртен свет - се претворам во книга на промените го менувам името, ги трампам симболите и приказбите, луѓето ги давам кастингот го алтерирам но улогите остануваат!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Но откога се смеша времево, и особено откако изби војната во Европа, старата книга почна да придобива сѐ поважна улога во берберницава, како да чекала стрпливо само за тоа да се најде во ваков зол час.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
При сосем редуциран материјал, во завршница на дами, неговиот коњ (тој игра со црни фигури) е врзан и сведен до бедната улога на пион зад кој се затскрива кралот, опасно угрозен на ха-7, додека белиот лауфер може широко да се рашетува.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Улогата на границата е двојна – таа е истовремено и конструктивна (за создавање на идентитетот) и репресивна (полициска контрола).
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
И нашата дипломатија, која постигнуваше големи успеси, на политички и економски план, освен во Движењето на неврзаните, може да одигра посебна улога во тој правец...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Еден ден во годината улогите се менуваа. Заради забава, но и заради поука. За да се види како изгледа светот во очите на другиот.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Улогата што, наводно, оваа фирма требаше да ја одигра е првовремено прифаќање на отпуштените работници од угостителскиот објект, а потоа нивно отпуштање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Не можеме да излеземе прочистени од загушливите и замаглени секојдневија и повторно во период од неколку неброени часови како неминовна нужност ќе ги заменам улогите, затоа што играта со сопствените чувства и мисли, а не ретко со другите ми причинуваше задоволство.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Во неа биле опфатени, по хронолошки редослед, сите настани што се случувале на територијата на Југославија, од 27-мартовските настани, преку шестоаприлскиот напад и капитулацијата на Кралството Југославија, до прикажувањето на раководната улога на Комунистичката партија на Југославија во организирањето на НОД, како и неуспешните преговори со генералот Дража Михаиловиќ и почетокот на неговата соработка со силите на Оската.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Повеќе