уважен прид.
уважение ср.

уважен (прид.)

Кога дојде во гратчето, веднаш по Првата светска војна, никој не ѝ обрна внимание, остана во сенката на својот маж уважениот прота.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А многу влијателен и уважен.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И се насмевна со темна пакост на усните: „Додека чекав да ме пријавите на уважениот началник прочитав неколку решенија на оваа маса. Дивни податоци и дивни бројки.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
ЛУКОВ: Госпоѓо Христова, Вашиов уважен сопруг и јас сме овде поради една многу важна работа. Работа од историско значење.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Му се чинеше дека веќе не е оној уважен, сериозен научник, доктор Коста, туку дете, составен дел на некоја одмината убавина и добрина.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ех, што ќе биде, што ќе биде!“ мислеше Бојан и самиот возбуден од претстојното доаѓање на уважените скопски професори.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Добро си спомнувам, за црвените гаќи на Оливера Срезоска се говореше со почит, со општествено, политичко и морално уважените - (Сигурно, такво нешто не може да се замисли за обичните).
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Се потсеќам на зборовите на пријателот, сепак со задоволство загризувајќи го богатиот сендвич со шунка и домати, додека околу мене уважените учесници на собирот „Литературата и општеството“ весело наздравуваат до следната средба. – Колега, јел видите ово јебозовно дупенце – ми се обраќа новосадскиот професор, експерт за културолошки дилеми, но јас веќе отсутен, ѕурам на друга страна, во девојката во црн фустан, што лебдее меѓу потните гости како ластовичка во белузлавата магла на летната квечерина.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Моето правило на играта беше крајно едноставно, беше убаво, глупаво и тиранско: ако некоја жена би ми се допаднала, ако би ми се допаднала жената што седи наспроти мене, ако би ми се допаднала жената што седи наспроти мене крај прозорецот, ако нејзиниот одбледок на прозорецот го вкрстува погледот со мојот одблесок на прозорецот, ако мојата насмевка во прозорскиот одблесок го вознемирува или му причинува задоволство или му станува одбојна на оној женски одблесок врз прозорецот, ако Маргарита ме види како ѝ се насмевнувам на Ана а Ана ја наведнува главата за внимателно да може да го испита затворачот на својата црвена чанта, тогаш имаше игра и тогаш беше потполно сеедно дали насмевката ќе биде уважена или возвратена или занемарена, првиот став на обредот и не оди подалеку од тоа, од насмевката што ја лови оној што и ја заслужил.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Госпоѓата - госпоѓата Фина храна, госпоѓата Висока мода, госпоѓата Висока уваженост - знае дека со менувањето на своите конјуктиви кај водоинсталерот кој ја поправа чешмата ќе предизвика запрепастувачки стравопочит.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Почитуван господине претседателе со госпоѓата, драги црковни и световни власти, ценет дипломатски кору, уважени гости од странство, драги пријатели, државјани и членови на НСК, почитувано општинство.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Читав: „До уважениот везир, славниот мушир уредувач на светот, предострожен управител на општествените работи со прониклив ум, извршител на народните работи со правилен суд, градител на темелите на господство и среќа, кој ги зацврстува столбовите на среќата и сјајот, окружен со милоста на севишниот владател, до муширот на Румелискиот ејалет, мојот везир Ахмед Мулаим-паша - севишниот бог да му го продолжи господството, и до одличниот правник меѓу наибите, наибот на Монастирската каза - да му се умножи знаењето, кога ќе стигне високиов царски знак, нека се знае: Во бовчата за џезието во Монастирската каза отсекогаш имало по 98 листови од горна категорија, 950 од средна и 162 од долна категорија, вкупно 1112 листови на џизието, што се распоредувале на рајата, населена во споменатата каза, и нивниот износ се собирал од споменатата раја по утврдена процена.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Турскиот пратеник, изразувајќи задоволство од симпатиите што му биле укажани на султанот, им изјавил дека нивната молба не можела да биде уважена, бидејќи турската војска и полиција за кусо време ќе ги ликвидираат „бандитите“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Едно лето се пренесе глас дека во нашиот град ќе дојде умен и учен човек, уважен гостин од една далечна земја.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Зборуваше со вистински занес, но тој занес беше сожалувањето што го почувствува за стариот мајстор, толку уважен, толку оцрнет, толку прочуен и затоа толку празен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)