убедува (несв.)

Тој побара три цени, та овие веќе му дадоа една и пол, но Петруш и понатака се колне во денешна света Петка, утрешна света сабота, други денешна света недела и сите годишни светци, си ја пцуе по десетти или стоти пат мајката оти не сака од нив да печали, и исчепкува уште една четвртинка од вредноста, убедувајќи ги своите пријатели дека им ја дава стоката „под зијан, само и само да не ги пушти на друго место, да им услужи, и да не речат прилепчани оти на Петруша му избегале муштериите и отишле на готов пазар кај комшијата Плашета.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И така со ред, со клетви и пцости во живи, во мртви, во мајки, во жени, ги убедуваа прилепските трговци селаните и си живееја добар животец.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Тода ја убедуваше Рожденката, иако знаеше оти таа одвај го чека саатот да се израдува со сват поп и зет попов син.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Театарот го заборавивме. Лоши се нивните претстави, ме убедуваше но јас знаев дека се плашиш од сјајот на моите очи фатени од рефлекторскиот сноп.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Арсо се убедуваше веќе дека помеѓу нив се стопува различноста и нивните преживувања се еднакви.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И колку повеќе се вгледуваше во черепите што се клештеа заплеткани меѓу ребра и (рбети, зафатени од мувла, сѐ повеќе се убедуваше дека Долгиот има право.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се мачеше да ме убедуваш. Се сеќаваш ли во што сакаше да ме убедуваш? Отвораше само отворена врата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ако не дадат, нема да се кокорат кај мариовките, — го убедува Митре Раифа и уште на кинисување завитка две мартинки во сакмата и му ги товари на куцото магаре, та ги однесе во Градешница.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Куле го прегрна и го избакна Мирчета, Андон му ја стискаше цврсто раката и го убедуваше дека децата и жената тристапати поарно ќе живеат отколку да седи дома и да аргатува.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И покрај штотуку завршената прва година средно, таа изгледа сосема немалолетнички, со што ме убедува дека веројатно ќе се јави уште утредента наутро, и ќе продолжи да ми ѕвони упорно, во кратки интервали.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Се убедувам дека истекла во црвената боја на фломастерот.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Поточно, не можејќи да им се спротивстави, се убедуваше да не мисли на причините заради кои дојде.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Го убедував да го утешам дека одраснал и меѓу нас, немуслимани, и дека нема зошто да биде, да се чувствува сам.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Децата спијат“, уште еднаш му рече; го убедуваше, како што му се стори, и тој самиот да остане - без жена е, таа е вдовица, маж ѝ паднал со железничарско фенерче в рака под вагон.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се мачи ли да ја разбуди, одново да ја оживи или ја убедува да не ја прогонува по смртта?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Не е болест, тоа било нормална појава и траела цел живот кај жените, - нѐ убедуваше Анета.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ги убедуваа и другиот ден кога требаше да се земе невестата и да се обави погребот, ги тераа да се најде разбирање, но ниедниот ни другиот не попушташе.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Дури и ме убедува дека би можел да ме зачлени во подмладокот на спортското друштво “Вардар“.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Само најмудрите – запишал нивниот doctor mirabilis – оние што знаат значењето на орелот, еленот, змијата, фениксот, на суштествата што го обновуваат животот со моќта на билките и карпите, само тие имаат шанса да го сочинат чудесниот Еликсир, во чија делотворност нѐ убедуваат писмата од Папата што сведочат за прататковската старост на одделни Тиријци, како и 223-те лета што ги преживеа отецот Силвестер, од кого се чува свежата мумија во снежниот храм на врвот од планината“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
„Се сомневаш? Еве, ќе видиш - уште малку и готово.“ Тврдоглаво го убедував. „Уште тркалата да ги прицврстиме.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Повеќе