тужбен прид.

тужбен (прид.)

Имено, кога тужениот, во одговорот на тужбата, не го оспорил тужбеното барање, или нема да дојде на подготвителното рочиште до неговото заклучување, или на првото рочиште за главната расправа ако подготвително рочиште не е одржано или ако дојде на овие рочишта, но не сака да се впушти во расправање или се отстрани од рочиштето, а не го оспори тужбеното барање – ќе се донесе пресуда со која се усвојува тужбеното барање, ако се исполнети следниве услови, т.е. ако: 1) тужениот бил уредно повикан; 2) тужителот предложи донесување на пресуда поради изостанок; 3) тужениот одговорот на тужба или со друг поднесок не го оспорил тужбеното барање; 4) основаноста на тужбеното барање произлегува од фактите наведени во тужбата; 5) фактите врз кои се заснова тужбеното барање не се во спротивност со доказите што самиот тужител ги поднел или со факти што се општопознати и 6) не постојат општопознати околности од кои произлегува дека тужениот го спречиле оправдани причини да дојде на рочиштето.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тужителот може две или повеќе тужбени барања во меѓусебна врска да ги истакне во една тужба и така судот да го усвои следното од тие барања, ако најде дека она што пред него е истакнато не е основано.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имено, според нашето граѓанско процесно право – кога составот на судот или правото на изјавување ревизија зависи од вредноста на предметот на спорот, а предмет на тужбеното барање не е паричен износ, тужителот е должен во тужбата да ја назначи 105 вредноста на предметот на спорот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)