трудов прид.
труд м.

трудов (прид.)

Маршира денес мојот народ – силна Мајска парада, маршира марш челичен трудов, - мојата земја млада!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Се корнат буки, се рутат карпи; и искри летаат в рој! булдожер рие, компресор ечи Напред и напред, младинци наши, со горди чела за нови дела, во славен поход во трудов бој!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
По него (по Варлаам) во Византија се појавил неговиот ученик Григориј Акиндин, кој иако јавно кажал дека не се сложува со Варллаам, трудовите го прикажуваат како апсолутен негов приврзеник и истомисленик.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во 1993 година, групата интервенираше во областа на политиката во однос на трудовите имигранти, со цел создавање работни места за одреден број на имигранти во Грац, кои не можеа да се вратат во своите земји на раѓање поради политички, етнички или верски прогон, но немаа никаков правен статус во Австрија.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Мируваше нејзиниот работен однос како предавач по Трудово право на Правниот факултет во Скопје.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Таква е намерата на трудов, објасни татко ми.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во април 2003 беше ограничен и опсегот на прашањата околу кои трудовиот инспектор може да донесе решение.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
2. Изрекување на мерката „забрана на работа“ Следна важна промена која ја донесоа измените на ЗРО (1993) во сферата на инспекцискиот надзор се однесува на овластувањето на трудовите инспектори за забрана на работата во работната просторија на работодавецот.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ако работодавецот не постапи соодветно, трудовиот инспектор имаше овластување да поведе постапка пред надлежниот суд (чл. 141, ЗРО/93).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Бидејќи вакви теренски испитувања се значително ретки во нашата држава, покрај првичната цел поврзана стриктно со конкретниот судски спор кој е во центарот на нашата анализа, гледавме ова истражу- вање истовремено да го искористиме и за прибирање податоци „од прва рака“ во врска со [не]запознаеноста на работниците за низа, навидум стручни, а всушност секојдневни прашања со кои тие се среќаваат на работното место (на пример: дали знаат како се формира синдикат на ниво на работодавач?; дали се запознаени како тече процедурата за организирање штрајк?; дали имаат информации за корупција кај трудовата инспекција? и сл.).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Мора да се потенцира дека претходно Митревски случајот го пријави и во Трудовата инспекција, но и оттаму никогаш не му е дадена информација за тоа дали е направена контрола во установата и што е исходот од неговата пријава.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Потоа, тужителите не се обратија до Трудовата инспекција туку, директно, покренаа судска постапка против МЦ.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Се надеваме дека оваа јуристичка анализа изразена преку критичкиот осврт на трудово-правната легислатива на Република Македонија ќе претставува релевантна референца не само за работниците, кон кои е главно наменета, како подобро и поподробно би се запознале со своите права, туку и на синдикатите, катедрите по трудово право на универзитетите, невладините актери, пошироката јавност и сите оние кои имаат интерес за оваа проблематика.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Првиот, од аспект на тоа што во меѓународното трудово право и конвенционалното право на Меѓународната организација на трудот, кај условите за работа постои одредена дихотомија при правното дефинирање, односно под оваа категорија се подразбираат оние нужни претпоставки пред отпочнување на трудово-производствениот однос кај работодавачот (работни простории, машини, алати итн.), додека под работни услови се дефинира поширок обем на екстремно важни трудово-правни институти како што се работното време, одмор или заштитата при работа, како и физичките и ментални аспекти кои ги изискува работното место, па затоа поумесно би било наместо рестриктивната формулација „услови за работа“ во иднина таа да биде заменета со „општи услови за работа“.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Кај оваа особено сензитивна сфера во трудовото право, која во минатото беше предмет на голем број измени, од кои повеќето, разбирливо, на штета на работниците, во периодот на нашата анализа дојде до само една промена, која за жал, повторно донесе намалување на правата кај оваа материја.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)