трошност ж.

трошност (ж.)

Победата на Француската револуција убедливо ја покажа трошноста на сето феудално општество, за кое порано непрестајно се тврдело дека е вечно и незаменливо, а таа исто така од темел ги разниша сите оние учења што претставуваа во овој или оној вид идеологија на феудалниот поредок.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Преку неговото змијолико добро тело од илјадници скапоцени камчиња во чиј отсјај се прпелкаат гулаби, тело преслечено од трошноста на смеата и бесот, но сѐ уште цврсто за да го дочека моето минување.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Трошноста на старите мерачи на времето трепери од повикот на неопходниот збор – не само во безбројност на заминатите исчекувања, туку и во коприната на воздушестиот превез кој ни го замаглува погледот додека го набљудуваме времето.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)