трк (м.)

Бел ждребец. Минуваше од лесен трк во галоп.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
„Напред, во трк!“ Деветмината луѓе брзо ги уфрлија во ракетата златните бомби полни со културите од смртоносни болести.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тоа беше како некоја погребна процесија. Но бесна процесија, во трк, со разбушавена коса, што подвриснува, настрвена кон север на некаква си церемонија.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Наеднаш, од зад аголот излетува кочија и коњите во полн трк полетаа кон неа.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
рондо Два облака. Два рида. Три молњи Три пламен коњи Во трк.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Се чини дека во трк се наближуваат стрелачките ланци, дека ситно yвечка оружјето... секој момент се чини дека од калдрмата ќе изникне сива, расплината фигура и ќе повика: - Стој!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Не ни забележа кога почна да успорува во својот трк низ шумата и не ни слушна како вревата на селото замре низ него...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
На младината и се сервираа погрешни мисли и зборови: дека овде е тешко да се обезбеди подобар живот, па тие плашејќи се од тешкото, трк кон запад!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Коњите на Петар јуреа со силен трк, за да го најдат кладенецот, а таму во долги тенки дрвени канали ги мамеше сребрената вода.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Цви веќе цврсто ги држеше уздите на власта, а таа силна запрега тој ја тераше во ризичен трк, опиен од слободата што, за разлика од Жешов, Виена и Берлин, тука широко му ги отвораше своите простори...  Таа знаеше дека дел од критиките се точни.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Нарамил човекот чанта и трк од единица во единица...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)