тридневен прид.

тридневен (прид.)

Татко ми беше на тридневен пат до Љубљана и јас одлучив да се посоветувам со мајка ми, надевајќи се дека таа ќе знае да ми помогне на некој начин, зашто веројатно од тие нејзини книги за воспитување на децата од предпубертетска и пубертеска возраст, сетики нешто научила.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
И покрај тоа што сега раскажувам за сите овие работи како тогаш многу да ми биле интересни, морам да признаам дека единствената работа што ми беше на ум беше да отидам во тоалет и да се отарасам од тридневното пеколно тегобно чувство.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сѐ започна во декември пред почетокот на Новата година, кога правевме планови за нашиот тридневен аранжман во хотелот Александрија.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)