третина ж.

третина (ж.)

Се обѕрна околу себе и погледот му се насмеа додека го одмеруваше нараснатиот куп црвеникави штици, нафрлани на подот, уште топли од неговиот допир, а од другата страна смалениот за една добра третина куп на истркаланите трупци.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„И кога првиот ангел затруби со трубата, се крена голем оган и падна на земјата: третина од земјата изгоре; кога вториот ангел затруби, пламен падна врз морето и третина од морето се испари; кога третиот ангел затруби, голема ѕвезда се откина од небото: името ѝ беше Пелин и третина од водата стана пелин и многу луѓе изумреа; кога четвртиот ангел затруби, третина од сонцето, третина од месечината, и третина од ѕвездите, потемна, згасна; и видов еден од ангелите каде што лета по небото и чув каде што вика со глас голем: тешко, тешко, тешко на оние што живеат на земјата; кога петтиот ангел затруби, падна пак голема ѕвезда од небото и се отвори бездна на земјата од која се крена голем чад што го потемни и сонцето и небото...“
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Би требало да се состави еден македонски буквар кој ќе биде споен и измешан со српскиот, но така што да содржи две третини македонски а една третина српски јазик, и тоа во втората половина...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Веќе ја распознаваше неговата свирка, но сега тој се обидуваше да го научи да го разликува – остриот, краток свиреж: „дојди“, долгиот, развлечен: „ти носам храна“; два едномерни – „подигни се“, при што змиулчето ќе ја извиеше главата и горната третина на телото и одлепено од тлото, се нишаше лево- десно.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Од тој простуден ден до крајот на двете третини на патот, близу до Благовештение и на неколку недели пред Курбан Бајрам, искушенијата непрекинато стеснувале околу нив обрачи, и меѓусебно понекогаш да се апат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш попот трипати се прекрстил и повикал уште еден ангел, шестиот или седмиот од Јовановото Откровение, да го заглушува светот со труба: врз една третина луѓе од земјава се наднесува смртта со исклештени триесет и два заба, доаѓаат илјадници и илјадници киклопи во огнени, синомолскавични оклопи под лавовски гриви, опашите им биле двоглави змии. Морничаво и печално.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Денес 90% од возрасната популација консумира алкохол и, покрај забраната со закон, познато е дека 60% од децата помеѓу 13 и 17 год. купуваат алкохол, и околу една третина од истата група консумираат алкохол барем еднаш неделно, иако се работи за мали количества и дома.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Кривичното гонење на уживателите на дрога не го намалува значително нивниот број. Голем дел од населението има пробано дрога (една третина постари од 12 години има користено, на пример, марихуана).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Пред средствата за смирување, електрошоковите и лоботомиите, третината од сите оние што доживеале нервен слом и со дијагностицирана психоза биле примени во болница, покажуваше тенденција потполно да се среди и да излезат за три месеци, и тоа без било каков третман, којшто денес по правило се дава веднаш по приемот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не цело време. Можеби третина од нашето време.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
„Наместо последната третина од животот да ја минуваме во страв, слабост и беспомошност, мислам дека последната третина треба да биде триумфална свеченост со журки и веселби.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Кулик така е заговорник на нова агрокултурна револуција, која ќе донесе нова симбиоза помеѓу човекот и животното; тој сака да ја ограничи човечката популација на третина од сегашниот број за да се воспостави нова рамнотежа во биосферата; но, посебно, тој сака да ги поттикне истражувањата на психологијата на животните кои би резултирале со нов дијалог меѓу животните и човечките суштества.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Третина од сите работи што сум ги рекол или направил веројатно се банални клишеи, третина е тешко срање а третина се полни погодоци. Тоа е добар просек.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Тогаш почна да чувствува најдлабок јад; залудно се бранеше зборувајќи дека тоа е судбина, случај, третина процент според статистиката, убава смрт...
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
94 Непосредно по спуштањето и запознавањето со ситуацијата во Македонија, британските воени мисии во своите извештаи до СОЕ во Каиро нагласувале дека единиците на НОВ и ПО на Македонија се носители на вооружената борба, но посебно потенцирале дека ним им недостасува оружје и дека две третини од борците биле недобро облечени и барале СОЕ да почне со доставување на оружје, муниција, облека, лекови и сл.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Со детска љубов и занес ги садат и ги одржуваат, ама поради летни горештини речиси една третина се сушат.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
На дваесетти август им исплатив на луѓето една третина од сработеното. Да имаат в џеб.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Авторот посакуваше точка на ракописот да стави или во првата или во втората третина на последната страница.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сепак, му успеа ракописот да го заврши некаде во првата третина од последната страница на зелениот блок.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Излагал на дванаесет групни и три самостојни изложби, од кои една третина во Европа, а една петтина на други континенти.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Повеќе