тревожи несв.

тревожи (несв.)

Се прибра и правејќи дека не го тревожи многу неговото идење, го погледна под око: - Јас ли? Мече. А ти ?
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Некои идат и до ушите на Илка, ама тој беше ѓениш; ја знаеше Доста оти му е на место, ја сакаше тој неа и таа него и немаше што да се тревожи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Така ја кандисуваше Мигар Анѓа без да се тревожи што го мени името од Митра во Мигар.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ни мудрувај, ниту се тревожи. Бидејќи ја знаеш повелбата на својата професија. Мораш да ја знаеш.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Никој не вика тогаш. Луѓето не викаат и не се тревожат ни кога галебите и дивите и питомите патки ја гонат и ловат плашицата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Методи сигурно сега спие како заклан и сосем не му паѓа на ум да се тревожи како тебе - зошто не е разбуден на време.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Светна мислата - се докрајчило она што го тревожеше и што не можеше да го избегне.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
— Аха! Виа побратими пак заглибиа! — почна да се чуди и тревожи Толе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во дебелеењето, покрај апетитот, ѝ влијаеше и нејзината спокојност и рамнодушност за сѐ. Не се тревожеше за ништо.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
И старо и младо, буквално сите силно ги тревожеше судбината на козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Соопштението во училиштето си е така. Ако не веруваш, ајде да појдеме до таму и да прочиташ!“ се тревожеше Нина.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Мене цената не ме тревожи. Парите се печалат за да ги трошиме! Дури ни на ѕидот не мислам.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Час веруваше дека животот е создаден само за тоа да нѐ тревожи, да ни ги брои грешните чекори, час ќе истрчаше пред тој ист живот како прле пред магаре.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не сакаше никогаш да ги тревожи најблиските кажувајќи им ги своите маки.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Огнена Гулева или не го сфати или воопшто не ја тревожеше ваквото однесување на мајка ми.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не, не копнее таа за никого меѓу овие што се полегнати на сите страни по ситиот ручек, само тој и таа одат во овој час и нешто бараат, тој неа, а таа некаков нејасен лик што ја тревожи нејзината млада душа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Бог да ја бие мајка ти, зошто те роди убава, -почнува длабок звук да ја тревожи Петровата душа, научена да се обраќа со песна.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сртовите да не нѐ изневерат оти предолго пешачиме по нив не за да им ја ублажиме стрмнината но очите за да си ги тревожиме со штотуку окутрени глетки оние кои не го испуштаат првиот плач на човек кој ќе блуди оттогаш па натаму!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
потем се наслутува сѐ почесто во глувиот ноќен јасник како слана (во споредба со неа, снегот е мек и топол, Господине) во забраната да се верува во чувствувањето срам да се признае мечтаењето по неа и скришното вљубување во зазорот и распрашувањето за смислата на животот (најдолгите чудења се загушени од банални спреги) во сѐ поприсните признаци од сонот - таму кајшто живееме однапред, повторно и можеби безгранично, таму кајшто времето не се мери со просторни величини и кајшто, конечно, не се дели иако, да признаеме навиката да живееме раздвоено нѐ збунува сега едно-по-друго се подготвуваме да заспиеме да ја избереме спалната, креветот да постелеме нови чаршафи само за една, за наша употреба купуваме ноќници за истата прилика се тревожиме од наглите отворања на вратата низ којашто проблеснува вселената сѐ до неиздржливата глад по Неа.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Се привикнав да постојам ексклузивно, на Погибел дури времето се мереше ноќе како жена дури со змијата ме споредуваа со фалусот и ламјата ја усовршив техниката на помрачувањето, прељубата немам причина да се натпреварувам со луѓето, не ги обожавам идеите и предметите како нив, но и мене ме застрашува Диве, Ероте, песјата страна на жедбата, ненаситоста, иштафот и мене бесови ме беспокојат, лунки Шејтане, постојано сакам нешто младо - Новина, Полутка, Полнеж устата ми запени од подигање удини јазикот од каскање, чинки чинење од вдахновение и празноверие и мене ме плаши изгревот на зајдисонце коцкањето со светлоста за само три дена лажовен три дена налуничав три дена трикрак, троглав жив-отец и мене ме тревожи што долго веќе многу долго преврат нема вртолун, бела ноќ на мојов месечински, на твојот животински појас вртелешко вселенска, машка анатемо Сонце мое.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Повеќе