тревливи несв.

тревливи (несв.)

И ние одоколу вртиме. Кажуваме, ама се плеткаме, тревлиме. Не знаеме како да кажеме. Е, вака, така, некако нѐ разбра жената.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ме пуштија, а тој го отвори пликот, досието мое и почна да тревливи, да ги прекршува веѓите и да му се поткинуваат зборовите: марш, марш, марш!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А кога помалата почна да се мочка в постела, а потоа и да прекинува во говорот, да тревлива, обвинувањето, на деликатен начин, го истури на мене.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И Пискулиев, кога го крсти Ордета, беше детиште, а еве доживува да се рече дека скржето што го држел в раце над кршталникот, над кое тревливел невешто по попот „крешчаетсја раб божји Јордан”, - сега го привтасало, а можеби ќе го остави кумот и зад себе.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)