тргува несв.
тргување ср.

тргува (несв.)

Смешно фрлајќи ги нозете во скинати калоши натака-навака минуваше покрај дуќаните и на свој начин тргуваше покажувајќи ги гипсените фигури: - Народе, една златна помпадур - две чашки ракија, Толстој, гроф и писател, и неговото величество Александар Први - три чашки...
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ако сака да а продава ќерка и, нека a извади на атпазар: кој џамбас ќе даде повеќе, на тој нека му а даде, a јас не су џамбас со кобили да трговуам.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Така тој почна да тргува со маката на луѓето . . .
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Некои луѓе во градот тргуваат. Црната берза работи.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Тргуваа луѓето со што можеа; Раифа не го гризеше совеста што продава пушки на христијанин.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Јаков со змии во косата, свет дух во очите, Јаков што пие роса и јаде див мед, ја маѓепса Кристина која можеше да заведе било кој конзул, зборува француски и грчки како мајчин, Кристина која везе ѓерѓев и јаде од сребро, а татко ѝ тргува со камили по Африка и Азија.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Тоа е „старежот“, тоа е бит-пазарот на „Капали“, каде што се продава сѐ, дури и отпадоци - ѓубре, па се чини дека може да се тргува и со „ништо“ и тоа да се печали.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
ВО ИСТАНБУЛ секој тргува: од оние во што целата сергија ја носат на раце, па до оние што имаат дуќани во „Таксим“ - најелитниот и најбогат реон на градот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Никој веќе со никого не тргуваше, никој во никого не веруваше, ѕидот беше повисок отсекогаш.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Контрабандата се разви на мртво, се тргуваше со сѐ што ќе се најдеше од петлица до игла.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Не сме во Среден Век, па да тргува со тебе! Се прививаш: Мора да биде така. ***
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Едни ги собуле чевлите да ги крпат, други тргуваат со лични спомени.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Малите јагулчиња во огромни јата долги и по стотина километри, гонети од инстинктот, тргуваат по патот на нивните родители, врвејќи го по две години за да дојдат овде во езерово...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ако се однесува на нациите, оваа разлика би значела дека нациите можат само да заплашуваат други нации и „една од желбите“ на моќната нација „е да тргува со слабостите на остатокот од светот“ - фраза која има чудни резонанци во денешните денови на таканаречениот - нов поредок на светот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Извесни пуританистички влади донесуваат крајно ригорозни закони против трговијата со наркотици, а истити тие влади тргуваат со наркотици.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
На тој ист колосек се растовараат дрва за огрев, а и камен јаглен за потребите на претпријатието што тргува со секакви материјали од дрво и железни телови под името Огрев.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Милан и Пандил од Монастир тераа кожи, а Стојмен Доковски од Меглен, тргуваше со памук и со тутун. Имаше и други.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Никола Поцо, со трговско седиште во Цариград, тргувал со светот, а според сведочењето на мухтарот, на селскиот старешина на Маказар, кој е наведен во патописот на Барт, тој одржувал врски и се грижел за својот крај.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Не само што се обогатив тргувајќи низ оваа земја, туку јас, се колнам во очите, и ја засакав како ниедна друга.”
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
По волната одам каде што се стадата. Си чул, белки, ние тргуваме со восок и со волна. Ја носиме по Виа Игнатиа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Повеќе