топи (несв.)

СЕЛАНЕЦОТ: А, жената... таа се мачела со свињата, таа мас топела... Сега сака да види нешто...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Бисера се топеше од милина, подигруваше од радост, а Крсте седеше некако малаксан и задуман.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Малку благ од тиквата, малку лут од црвените пиперки, малку повеќе солен, елем, залак се топи, пиперки се шмукаат, бардакот се накрева де од еден, де од друг.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Снегулките што му го покриваа лицето не се топеа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Турците се топат, во гладните очиња боринки им горат.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Не пиштеа сирени и не татнеше небото и сепак - очите на тие наоколу беа ширум отворени, црнките во нив ѕвездесто прскаа и се топеа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Што да чинам, сѐ е господова повелба, и јас останав сама ноќе со солзи да ја топам рогозината.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И како минеше времето, сѐ повеќе се топеше, бледееше сето она што ги раздели.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во градовите илјади безработни топеа сили крај високите, угаснати оџаци на фабриките и под пустите посивени ѕидишта од напуштените градилишта.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Температурата на животот топеше еден студен, дотогаш непробоен оклоп а тој плашејќи се да биде разголен до дно поставуваше примки. „Јано“, рече. „Тој професор за кого ти расправав чека сега луѓе во заседа и ги моли да пијат со него.“ „Ти не пиеш.“ Дали е возможно, мислеше. Дали е возможно.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се повеќе стануваше жена. Врелината не ја топеше; ја ширеше и ја чинеше безгрижна.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во некоја вечер пред тоа, обиколен крај огнот со ѕвездесто распрснати сенки, им објаснуваше: „Некогаш вештерките ги топеле во смола и ги палеле со помамни славопејки за крстот.“ Смоларите не му веруваа; се подбуцнуваа кришум со лакти и се клештеа кон месечината.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Жените по колјата, пред крајбрежните куќи, денес некако полесно и повесело ги топеа во водата и ги белеа своите платна.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Не можете да си ја претставите, може само да се има - сета е мека и топла, ќе се закопа во тебе и само те топи, растопува и те пие, пие.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Срцето на таа негова жена е меко и жалосливо. И дуќанот се топи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И скришум ја топи перницата со солзи и нема сили да ги запре.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Неговото чудно задоволство се топеше пребргу во тоа напорно пробивање на врзаниот чекор.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Железото веќе се топи. Станува течно како вода.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Јаготките беа зрели и црвени како крв и во устата на Трајчета се топеа како маст.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Оф, оф! - се топеше од задоволство, чувствувајќи го студенилото на снегот врз пламнатото лице.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Повеќе