теткин прид.

теткин (прид.)

И цело време да му зборувам: сега ќе ми јадело детето, сега тета ќе му даде да папа... ајде, уште ова да го испапа, ап, ап, не прстето, грозје мое, не, теткино око, ап!...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Теткин, теткин, теткин, - го бацува во двата образа младата жена.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Одеднаш му се свртува на машкото, го фаќа под брада, го гали: - Теткин, теткин, мил, мил.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Зошто си извалкан, зошто си нечист, теткин?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)