териер м.

териер (м.)

Правилата беа излепени со слики од секакви кучиња: пудлици, булдоци, добермани, јазовичари, волчјаци, териери, сетери, птичари, боксери и др.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ќе му земам кутре, пак си вети, малечок териер.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Неговиот профил, делумно засолнат од дланките, териер и млада жена со боси стапала: и ми се чини дека тој таму, врамен во сликата, е сосем, сосем задоволен. Како комфорен воајер.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Пилотите исто така беа изземени, откако една климактерична жена предизвика катастрофа намерно удирајќи во зградата на љубовницата на нејзиниот сопруг, ул. 254, влез 3, стан 46, од лифтот одма лево, како одмазда за тоа што тој, сопругот, ѝ купил на љубовницата правосмукалка на вода со ХП филтер, а неа, со три мали деца и долговлакнест териер, не.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
„Тоа е добро, тоа е мошне добро“, рече стариот Елисон, седнувајќи на кујнските скали и триејќи ги своите бели мустаќи како на Шкотски териер.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)