тек-тук прил.

тек-тук (прил.)

Низ пат, тек-тук, сретнувавме луѓе кај си одеа в црква.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Далеку назад останаа нивите и оризиштата а пред нив се спружи темно–зелено поле, како бескрајна нива, прошарена тек–тук со понекоја ретка врба.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Како огромен шарен килим долу се простираше полето и искапено во утринската роса се преливаше во златото на узреаните оризови класја, во зеленилата на тутуновите стеблинки, а тек-тук се белееја и снежните пахулки на памукот што избиваше низ распуканите чушки.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
„Се ора“, вели тој, „тек-тук. Леб никој не меси, сите на купечки.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Со корици без корици лоша фура. Машини за пишување нова шема компјутери тек-тук, многу ги нема...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Во прилозите за начин како најкарактеристични му се видоа заемките: бирдан, веднаш; ѓене, пак, повторно; сабајле, наутро; сефте, првин, прво; текрар, повторно, одново; тек-тук, ретко, одвреме-навреме, тук-таму.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)