тајга ж.

тајга (ж.)

Ги дупнаа коњите, ѕвечат прапорците, се одмотува тајгата, ми светкаат дрвјата со снежни капчиња.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ова биле животинки само на тајгите, слушаме, ни го дупат лицето, острижената глава.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Не грижи се, вели, јас пак ќе сечам дрвја во тајгата, а ти ќе голташ прав и ќе плувосуваш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Така почнува секое летање со умот: си се замислуваш, на младини, како машиновозач на локомотивата која бревта ли, бревта надмоќно низ сибирските тајги и ич нема гајле дека може да се случи баш среде зима да снема јаглен и да се вкочани на отворена пруга како што капката се вкочанува на стреата и станува мразулец пред да капне на тротоарот.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)