суша (ж.)

Блажени да се твоите пречесни раце, од нив му слезе на твојот народ богоразумен облик и ги напои со божествена роса нашите срца изгорени од сушата на гревот.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“ од Климент Охридски (1754)
Пред плисоците, на крај од жолтата суша во која се множеа мешлести бубалчиња што ги ослободуваа покосените и непокосените класја од зрна, по земјата се тркалаа со невидена брзина проѕирни топки електрицитет, ги косеа овците по планините и луѓето по улиците, ги гореа амбарите и ги поцрнуваа куќите, внесуваа во срцата страв и болка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
1. суша Шарите на желкината кора на земјата немо лежат во грмушките на сонот а под спарушените и глуви усни на мостовите времето носи на грб мали куќи од мов па ги рони за да ги изгради пак на своите крупни рамена без одмор времето се носи себеси
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Личеше на тутенка - доцна расцветана, сред просторната јурија, спржена од жега и суша...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тука земјата беше многу солена и црна Зашто сѐ од изворот што ќе потечеше Суша ги цицаше и жед.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Земјата, чиниш над неа минала повеќелетна суша, пукаше.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Пред плисоците, на крајот од жолтата суша во која се множеа мешлести бубалчиња што ги ослободуваа покосените и непокосените класја од зрна, по земјата се тркалаа со невидена брзина проѕирни топки електрицитет, го косеа овците по планините и луѓето по улиците, ги гореа амбарите и ги поцрнуваа куќите, внесуваа во срцата страв и болка.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Но јас веќе знаев кој е со него и дека тој што е со него е изврзан со гнил ремен, ишаран од стапиште со модрици и безумен како и секогаш зашто до мене достаса најпрвин неговиот глас - „Не давај ме, внуку, на никаквециве, ќе ме обесат“ - потоа јасно го видов како се ниша килав пред својот внук и судија и како плаче кикотливо, ја видов таа безначајна празнина во лита и скудна облека на која никнала долгнавеста тиква со влакна, но тоа е сега прикаска што мојава улава старост ја раскажува со чувство на посничка осаменост пред друга, калуѓерска и божја, бездруго свето дрво што размислува над туѓи мисли и се моли над туѓ грев, на оние што веќе ги нема, што се прав како што ќе сум и јас утре прав, јас, Лозан Перуника, дамка од дамките на минатото и вчерашна жива смрт од дружина на мртви луѓе, и тие вчера со гнев и јад во секоја капка на крвта вчера, кога и јас, и сирак и главен терач на туѓа двоколка со сив ѕевгар, сонував и живеев зелено, зелен во една земја што помеѓу топењето на снегот и сушите на болните лета не знае што е зелена пролет, зелен април или зелен мај, и знае или можела да знае што е зелен страв пред чудовиште оплодено од еден друг господ во градината во која се преселиле од рајот женското петле Адам и неговото ребро со женска коса, женски колкови и женско умеење во гревот да посади боцки од кои душата станува жива рана.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но попусто мојата суша твојата роса ја вика: илустрација: Доминик МекГил пред мојот лик трепериш како пред света слика.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
На тие штички, тој род си ги запишувал родословијата, своите песни, приказни и слова за собитија вистинити и чудесни, истории за видни мажи, за подвизници, појава на опашести ѕвезди, големи потопи и поместувања на земјата, големи жетви и суши и уште многу важни собитија за еден род.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Суша голема, многу народ и стока, а малку извори.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ивана си остана на своето : „Можело да настрадаат од суша, од летните горештини водата е топла, жешка зовира!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Работава не напредува, си мислам, не само по вина на природата, зар може да биде вина тоа што е лето и што е земјата сува и горка, та тоа си е нормално, лето е и суша и тврдо е камен, а тоа е и предноста на еден ископан бунар, предност на бунар ископан во најголема суша, тоа значи дека во иднина ќе има вода во секоја сезона.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Надвор е долга, пеколна суша. Сѐ уште.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Долга, пеколна суша. Сѐ што беше цвеќе во дворот повена. Се исуши.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И на Реџов му е јасно колку е несигурна верата од која само во крајна нужда се бара спас, како во расказот Судниот ден, кој впечатливо зборува за големата суша и за молежливите погледи кон небото.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Зборуваше… Зборуваше…а во неговите зборови ниту траг од сочувство поткрепено од надеж… или барем некоја ситница што ќе потсети на оној низок лет на ластовицата над калдрмата по долгата суша, во оние пресудни мигови на очекување на дождот кој ќе ги подигне од загрејаната почва замелушавените мрзливи инсекти.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Жештината и сушата не ја забележуваа само децата. Особено Дончо.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Езерото сега, бидејќи лето, пак го имаше наоколу оној појас што го паметев од порано, а по кој се познаваше дека е спуштено што од сушата што од тоа што била испуштана вода за наводнување на полето под браната.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Птица си во слепоочницата на мислата ако катето изгори, на песната љубомори ако полуди на рамен круг ни поетот нема да ја препознае – во неа суша радоста и пости.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Повеќе