сурфер м.

сурфер (м.)

Или, уште повеќе да закомплицираме, на начинот на нам - сурферите по маргини - милиот господин Дерида (кој вели: „На културата ѝ е својствено да не биде идентична со себеси“): колку не си идентична на себеси?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Понапред, во таборот на компјутерџиите немаше поделба на хакери, вебдизајнери, мирцачи, програмери, гледачи на филмови, сурфер бадијалџии, техно- музиканти...
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Улавееја сурферите низ разбранетата минливост и со начучулени уши залепени на даските очекуваа први да го слушнат големиот абер од големиот бран.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Стоевме покрај океанот и им се восхитувавме на сурферите коишто како акробати се справуваа со големите бранови.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Во приквечерјата имаше навистина многу сурфери, плажата Ваикики е вистински рај за нив.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Понекогаш квечерум чистачот на чевли од Plaza de Armas седнат пред портата на својата розова куќичка под огромниот крст на врв рид ќе фрли поглед на параглајдерите над Мирафлорес - колку да им довикне на аздисаните туристи и авантуристи дека сѐ што лета не е кондор, ќе фрли поглед чистачот на чевли и кон сурферите кај Баранко - колку да им довикне на јавачите врз сопствените мечти дека баш во Баранко опирањето на застоеноста на живеачката се правеше со вина, песни и убави жени, а не со некакви пластични секачи на морските бранови.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)