сурогат м.

сурогат (м.)

Неговата фигурална скулптура сугерира дека настојувал дури и да создаде сурогати на човечки тела од репроматеријалите.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Најпосле, станува збор за прилики во коишто на местото на јавноста во нејзиниот модерен демократски облик, стои нејзиниот перверзен сурогат - кошмарот на тривијалната човечност.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Женава си е чист сурогат! рече, мислејќи веројатно на Јана, додека со нескриено самозадоволство си го потчукнуваше заобленото бедро со розовата дланка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Целата оваа реалност е наметнато, екранизирано платно на сиви сенки, кукли од партали, гротескна претстава на сурогати, црно бели копии без идентитети кои моментално атрофираат ако врз нив истурите шолја црно кафе.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Првите обиди за производство на сопствен порцелан во Европа датираат во самиот почеток на XIII век, но крајниот производ бил некаков порцелански сурогат.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)