судење ср.
суди несв.

судење (ср.)

На судот ја ислушаа фирмата, нѐ ислушаа сите работници што работевме на зградата, и почна расправијата: едно судење, две, три; едни тврдеа едно, други друго; главниот сведок што бил во близината на Ѓеро, на последното судење ја сврте работата изјави дека Ѓеро бил крив; скокна Анастас во судницата, свика: нема човештина, нема совест, за пара и душите си ги продаваме и во лутината му удри шлаканица на главниот сведок; настана расправија и Анастас го осудија на три месеци затвор; издржа еден месец и го пуштија бидејќи плати глоба.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Во паузата на судењето, ми дозволија да поразговарам со него.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
И го доведовме човекот кај општината Мицева, горе в планина. На Дебел Рид. На судење го доведовме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На судењето нејзиниот адвокат рече: Силувањето е најтешко дело; најтешко нешто што може да ѝ се случи на жена; тоа е шок што остава тешки психички траги... Затоа барам најстрого да се казни...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
— Мене не ме викнаа на судење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Не ми мириса на добро, вели, во Унгарија почна судењето на Ласло Рајк.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— На судење, вели, ѝ трепери гласот, ѝ замалуваат зборовите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И на коњот му беа здодевни овие катадневни мерења на патиштата, но задоволство наоѓаше со стасување во селото: додека неговиот стопан им пишуваше на луѓето, тој спокојно си пасеше по лединките погалуван често од рацете на оние што чекаа ред кај Фончета, а повеќе пати нахрануван и со зоб од оние што сакаа Фонче да им напише што поубава тужба или жалба, или ако претходното судење се решило во нивна корист.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
По овие наводи на пиротехничарот, првостепениот суд на повторното судење, реши Танаил да му плати на Китан 25% од вкупната штета на куќата - колку што експлозиите влијаеле на оштетувањето.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Лиќо се жалеше и по неколку судења, успеа да го добие спорот - да го задржи изградениот кат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се плашеа исто така во Федерацијата со судењето на Чанга да не се „интернационализира” проблемот на козите од јужната република.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тогаш уште беа свежи реакциите од сталинистичките монтирани судења во неколку земји од источниот блок.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Чанга мора по секоја цена да се фати жив. Ќе му биде организирано големо судење.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Со деконструирање на такви научни настани како судењето на Галилеј пред Ватикан и развојот на квантната механика, тој инсинуираше дека не постои никаква логика во науката; научниците ги откриваа и се придржуваа до теориите поради крајно субјективни дури и ирационални разлози.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ние пренесуваме дел од атмосферата на судењето и ги изложуваме аргументите на оние што го бранат и напаѓаат овој контроверзен „уметничко-вандалски“ чин.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Работата беше во тоа што и на двете судења, тројцата признаа дека на тој датум се наоѓале на територијата на Евразија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Голдштајн избега и се криеше незнаено каде, а од другите, неколкумина едноставно исчезнаа, додека мнозинството беа погубени во спектакуларните јавни судења на кои ги признаа своите злосторства.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Големите чистки во кои беа опфатени илјадници луѓе, со јавни судења на предавниците и на мислопрестапниците кои ги признаваа своите подмолни престапи, а потоа беа егзекутирани, беа специјални претстави што не се случуваа почесто од еднаш во неколку години.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ете, и тоа се случи... Дали ќе дојде сам на судењето, или ќе се разведува преку застапник, ополномоштеник, не знаеше.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Татко добро знаеше дека, и да сакаше некогаш да стане партиец, не ќе можеше, свесен засекогаш дека неговото судење на другите може лесно да стане и негово судење. Со такви мисли влегуваше во Судот...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Повеќе