стјуардеса ж.

стјуардеса (ж.)

- Слетуваме... Тоа беше звучниот глас на стјуардесата...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Стјуардесата се обидуваше да ѝ објасни дека сите патници така треба да постапат.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Стјуардесата сфати дека Марија е во уште поголема криза. Од тоа најмногу се плашеше.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Стигна и стјуардесата со оброкот, па така весело и вкусно ги минавме преостанатите минути од летот, додека нашиот автобус со крилја не се спушти на виенскиот аеродром.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Сфати дека тешко ги метка зборовите низ устата кога стјуардесите му прозбореа на српски.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Чекаш стјуардесата да ти ги покаже зубите, гордо се исправаш и со кнедла у грло и олово у ноги – стапнуваш во туѓината.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Жеден е, па подгледнува вдолж авионскиот коридор, очекувајќи да се врати стјуардесата со освежувачката понуда.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Баш кога ќе го почувствувате мирисот на лаванда под мишките на стјуардесата и пред да сркнете од црниот поцрн не може да биде руски чај, среде Сијаните тресулајќи се капат во студените езера, луѓе влегуваат тресулајќи излегуваат, тие и во сонот се тресат, и на секоја арка пуштена низ Енисеј се тресат, за истресени да стасаат до Артикот и отаде Артикот, истресени луѓе, истресени мандала, истресени џепови, истресени сни, колку истресени, трипати повеќе со студена магла покриени, оти личотата на Сијаните не била за распродажба на туѓинци.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)