стрпливо прил.
стрпливост ж.

стрпливо (прил.)

Така мислеше дедо Геро и стрпливо ги слушаше обвинувањата на децата.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Затоа селаните стрпливо чекаа да видат што ќе направи дедо Геро.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Спушти ја завесата прв чинот на својата комедија и стрпливо чекај го крајот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Стрпливо ја држеше волшебната слушалка на уво. Слушаше, слушаше.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Стрпливо и послушно создаде и зачува име на чесен човек.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но, сега веќе тоа со секој ден носеше сѐ помалку бол. Или тоа болта стрпливо му се вселуваше в душа, станувајќи од неа дел.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Навраќајте во него за да се присетите и за мене, зошто јас постојано се соживував со вас и стрпливо поднесував сѐ што се случуваше; страдав кога со вас нешто тешко ќе се случеше, а кришум се радував и се лутев поради вашите немирлаци; сетете се и за вас, мили деца, за вашите први денови, кога како преплашени зајчиња се припивавте кон клупите и плачливо се држевте за рацете на вашите мајки.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Братучедите стрпливо чекаа избегнувајќи да се загледуваат околу себе за да не видат нешто што не смеат зашто стражарот што беше пред порта скоро не тргаше очи од нив.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
„Само стрпливо лежи и слушај сѐ што ќе речат лекарите.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Поседнавме на тревникот спроти северната страна од зградата и загледани во прозорците стрпливо чекавме.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Насетуваше страв во кој тој би бил пајакот а сите оние невидливи зборови за кои стрепеше дека некогаш некој ќе ги изговори или уште полошо, некој знае за нив иако не ги гледа, а тие знаат за тоа и стрпливо чекаат со чувство, дека им е сосема сеедно - порано или подоцна, дека тој сѐ позачестено се откриваше во пајажина за која никогаш и под ниеден услов не би можел да признае дека е негова, тој, од него.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Потоа се обидов да го замислам како стрпливо се качува низ темницата во своите бермуди и со грдата туристичка кошула, мил и без брзање. Како нѐ пронаоѓаше?
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ветеринарот, стрпливо и грижливо како мајка, им ги отстрануваше неволите и им ја враќаше вообичаената кучешка палавост.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
„Не се важни цилиндрите“, рече Винстон стрпливо.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мајка ми стрпливо ги слушаше моите жалопојки и секогаш нашите разговори завршуваа на ист начин.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Татко ти не се шегуваше туку најсериозно го распрашуваше Циган бидејќи тој бесрамен злосторник со часови знаеше да се притаи под некоја гранка на кралчето и стрпливо да ги дебне несреќните пилци.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Авторот, вчудовиден од неговото поведение, стрпливо го причека келнерот да се сврти кон него и тогаш му се загледа право в лице.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Му доаѓаше да се насмее кога ќе си претставеше како бегот со часови, стрпливо ја обмислува неговата погибија.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Стрпливо и вредно носеше сега тули синот на Тајко, исполнуван со вакви мисли. Камења, малтер, па тули. Како во „Света Софија“.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Прашање е значи сега како да обучиме друг орган За дружење со светлината А и која е азбуката на изнудениот говор на мракот Кој стрпливо во ќушето на животот чека?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Повеќе