страотен прид.

страотен (прид.)

Тоа го имаше дури и оној иако е вака голем и страотен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Таа пролет се обидуваше да нѐ развесели како и сите други, но многу нешта пречеа… Пречеа сите страотни настани од летото што помина…
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Не дека се тоа некои големи водје, во тие реките, туку зрачат со некоја страотност што заплашува со уништување.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Водата тече со една страотна сила.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Пукна целиот побелувајќи и се чу страотен тресок. Косата ми се наежи. Вреснав.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Моќна река е Мидвеј... При јаките плими станува дури страотна, надоаѓа во големи вртежи...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Земете ги на пример емигрантските држави (континенти) како Америка или Австралија, Јузна Африка итн., и покрај сите обиди на владеачките олигархии и нивниот политичко- социјален инженеринг (масонерија), вие сѐ уште имате страотни општествени дисбаланси - расизам, гетоизација, национални лобија...
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Очекуваа некој кој има најмалку 50 години - веројатно поради страотната анахроност на делата кои беа изведени во манирот на раниот и среден барок.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
„Времето со неверојатна брзина поминува страотно бавно.“ Си оди. Се враќа.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Тој воведен текст во каталог кој обележува педесетгодишнина на едно друштво сметаме дека токму е симбол за дното што го допреа повеќето институции од дејноста на културата, и како тотална демистификација на немалата моќ која 50 години циркулира низ тие страотни стаорски канали ослободени од било каква светлина во форма на суд, компетенција, критичка валоризација, честопати и елементарна интелигенција.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Страотна ноќ... ... Некаде по полноќ, од спиењето ги разбудиле пукотници од пушки.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тој ги зеде, ме бакна во образот (беше тоа страотно спокоен бакнеж; наликуваше како да сме на железничка станица, како да го испраќаме на викенд од кој тој сигурно и брзо ќе се врати); потем се прегрна со Земанек, се бакнаа и му рече: „Издржи, добиче селско!“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И во следниот миг видов млаз кон мрежата; миг потем видов светлина, страотен блесок, десет илјади пати посилен од Сонцето, како очите Господови; таква светлина никогаш во животот немав видено, господине судија; светлина еднаква во сите свои делови, виолетова, облак од светлина што не е во едно време убав а во друго неубав, ниту за едни е убав а за други – не; таа светлина траеше само еден миг, кој ми се виде цела вечност, и јас знаев дека и Јан Лудвик ја гледа таа светлина од прапочетокот, и како бев вон себе, исплашена, во шок, јас бев среќна што Јан ја виде таа светлина, уште еднаш.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Настана страотен молк. Темен. Убиствен.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тогаш сетив страотна болка. Некој како да откина дел од мене, од моето тело и душа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во тие дни и ноќи, песовите со кренати муцки виеја и завиваа страотно, или `ржеа и копаа со шепите по земјата како по дира на едра лисица, како по реата на стара волчица.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
1. Сеприсутно око (гноса) Додека ја трошев надежта - ја ронев како суво лепче по земји на пилците ја фрлав – лишена од коњи, пци и свињи9 без можност да заминам, Госпо Нуит10 под сводот твој распнат ко Животинско Царство око на Хадит надежта додека ја губев а сенката ми се ретчеше ко магла сè додека не стана Ништо чудно и иноземно блесна Волја без сврха, чиста пречиста страотно бела и остра ко молња во мрак со боја на зрел бозел со прелив морен и густ на Хеката, кралицата на Стигите и ноќите без месечина, створени за медитација во први мугри за Служба на Речта11 - тој сонлив отсјај на светот фрлен врз скерлетен скиптар ко еликсир - сега читам во темно во далечина гледам отаде предметите небаре нема ни време ни простор меѓу мене и Другото небаре сѐ е веќе запишано или навестено небаре она кое било или ќе биде секогаш Е секаде волја-заради-волја склад и волја моќ!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Полноќ е, никоја доба сал еден лилјак, слепо пиле наслепо слетува во спалната и буди страв, страшен, страотен...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Утеха на зборот На моите прагови ноќта мјаука ослепува сè поглуво и клука, околу полноќ во страотна бура патеписи на времето истура.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
„Без иронија животот би бил блуткав. И страотно неподнослив.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Повеќе