стопанство ср.

стопанство (ср.)

Но, велат овде, овие извори еден ден ќе бидат исцрпени, додека, од друга страна, неверојатно брзо раснат потребите од вода за комунални потреби, а уште повеќе за индустријата и за селското стопанство.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ако не бев овде, веројатно никогаш не ќе знаев дека Белгија, од која секоја година кај нас летуваат стотина илјади души, е могу развиена туристичка земја и дека од туристичкото стопанство има позитивно салдо.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И навистина, глетката е импресивна: 16 блока со по 30 декари оранжериска површина, 8 котелни постројки, мазутно стопанство, широка патна мрежа и уште многу други објекти.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Зашто сега, кога има толку многу средства за уништување на маларичните комарци и на сите други инсекти, нема да ги коси маларијата, а со враќањето на водите, ќе им се врати и едно цело мало богатство - стопанство во кое тие ништо не вложуваа а имаа голема полза од ловот и риболовот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Конечно, политичарите би требало да ставаат акцент врз улогата на семејството, црквата, заедницата и стопанството во ограничувањето на деструктивното однесување.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Алтернатива е пазарното стопанство и демократијата да ги внесат своите акции во една перспектива на развиток.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Другата сериозна противречност што ја поставуваат тие две идеологии е следнава: и демократијата и пазарното стопанство се изградени врз едноставен принцип, а тоа е: кој вели Демократија, тој ја прифаќа и можноста да го промени мислењето, прифаќа менување на можностите.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Кон едниот од тие два концепти ќе се примени тоталитарната или фундаменталистичката религиска претстава за вредноста, и ќе бидат разорени пазарното стопанство и демократијата.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во пазарното стопанство со развиена конкуренција, претпријатијата се приморани што повеќе да ги смалуваат ризиците на работата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Земјата конечно се отвори, завладеа демократијата со неизбежните мачни процеси на транзицијата од тоталкомунистичка диктатура од посебен тип, во демократска мултипартиска држава со пазарно стопанство.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Планираното стопанство ги покажа своите граници.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Па да ги видат шумите, мислам, градските деца да ги видат шумите, богатството на Шумското стопанство Караџица.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Во акциите за пошумување секогаш настапуваме заеднички: Шумското стопанство „Осогово“, јавното комунално претпријатие „Водовод“, Водостопанското претпријатие „Брегалница“, ученици - млади екологисти од основните и средните училишта во градот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Погледни кога ќе имаш време во книгата од Владимир Панов „Шумското стопанство во минатиот век“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Знаеше за султани и паши, за паѓање на династии, за движење на војски, за мировни договори, за дервенџиската улога на Маказар во еден период, за шумските стопанства, за поплави и пожари.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во барот, како што влезе, така здогледа една група од седум-осум „бизнисмени“ од таканареченото мало стопанство. Всушност транзициони шмекери.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Згора на тоа, турската влада, којашто многу малку водела грижа за развитокот на стопанството на своите поданици, имајќи голема потреба од пари, кожите ги обложила со 12 проценти извозна царина.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Требало да се најде начин за враќање на дадените капитали, а и за заздравување на турското стопанство - што било услов за натамошно вложување и рентирање на капиталот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Настанатата ситуација по донесувањето на Мухаремскиот декрет, кога европскиот капитал започнал да игра доминантна улога во стопанството, се одразила разорно и врз развитокот на народното стопанство во Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Кога се основаа првите селски работни задруги, колективите, кога државата само сакаше да види со какви проблеми може да се соочи при престојната колективизација на селското стопанство.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Повеќе