стоногалка ж.

стоногалка (ж.)

Јасно е, стоногалката лази без пречки по врлест ѕид. Непрекинлив ѕид, без крај, без небо.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Старецот се распрашуваше за сѐ, богословот расправаше за сѐ весело наслушнувајќи се самиот себе:војната има сто очи запалени, и сто 'рбети железни, и сто усти гладни и крвави, па оди како стоногалка на нас, а господ светот го заборавил, му завртел грб - црвчиња сте вие, пијаничиња, туѓи жени задевате. Па штом е така, удрете.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
На ноќните масилиња крај тие глави лежат стаклени бокали со млака вода. Во еден од тие бокали плива стоногалка.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Кон неа небото лази како поразна стоногалка и воздухот почнува во лисјето да се порева.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
А внатре не сме само ние: купишта чкрапји, стоногалки, и вошките што сме ги донеле со алиштата наши.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Коњоштипите, богомолките и гасениците излапале сѐ, сега нив ги лапаат, ги кинат или ги смукаат стоногалки, жегавици и пајаци. Нема земја, нема ни луѓе ни птици.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Господи, таква треска веќе никој никогаш на светов не ќе има: меѓу гробовите се движат еден преку друг зелени коњоштипи, лепливи богомолки и гасеници: гризат камен, голтаат песок и иловица: нивната алчност ја истанчува земјата - под неа се отвораат зелени бездни од кои по ништо се качуваат стоногалки, жегавици и пајаци: гнасните бубачки ќе војуваат меѓу себе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Помеѓу другите дребулии што ги спомнав, мислам дека не заборавив на Катерина да ѝ порачам да наврати во нашата амбуланта по работното време, бидејќи ми се пожали дека е со впечаток оти насекаде по телото ѝ шетаат стоногалки.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А јас си ги заборавив очилата врз машината што пере сто пара чорапи, како да чувам деца стоногалки, па не можам да ги постасам ни со перење ни со сушење.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)