стиснува несв.

стиснува (несв.)

Последен пат му ја стиснува раката и целата пребледнува). Ех, Симке, Симке!... (Се откинува од неа и се придружува кон групата). (Оддалеку се слуша песната на разделбата).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Раката го стиснува посилно и почнува да го води по улиците.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ги стиснува забите, ги затвора клепките и натамина оди на своето место, го крева веленцето, полека се мушнува под него иго моли господ што побрзо да ја заспие.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
На Петра ѝ се стиснуваше срцето од болка и од мислата дека можеби сама ќе ги враќа овие пилиштарци во Македонијана.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Наместо на сопирачката, таксистот стиснува на гасот, возилото забрмчува уште педесетина метри, додека не запре со нагло кочење.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Малечката Пелагија уморот ја обеси на рацете од двете жени, меѓутоа мајката Пелагија ја поткрева и ја стиснува во својата прегратка.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Пелагија климнува и црпнувајќи ја Пеличка силно ја стиснува на своите гради и не чувствувајќи ја нејзината тежина тргнува пред Перса правејќи ѝ пат до широкиот двор.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
- Тоа е сѐ, - му вели таа и ја стиснува силно неговата рака и уште повеќе се припива до неговото рамо, така што тој пак се заборава.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)