стиска (несв.)

Тресејќи се целата, очи со раце стискајќи, в пот се изоблеа ладна: Еринија чиниш ја збрка;со глава, ко лисје нишајќи, таа полумртва падна.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Застана пред мене со стиснати тупаници како да ќе ме нападне, со мака задржувајќи го солзите што му се нафатија по клепките. Ја стискаше со заби долната усна, очите му светкаа, беа однатре запалени.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
— Лелееее! Јас сирота! Зини земјо да ме г'тниш! — почна Митра да се стиска и прсти да крши.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— И се насмеаја обајцата, држејќи си ги веќе десните раце и стискајќи ги еден на друг што поцврсто.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ги стискав забите за да не се насмеам. Не знаеја дека го запрев дишењето легнувајќи на дното на реката.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тие не беа привлечни и не изгледаа разумни, само нељубезно го мереа долгиот темен тил на оној што одеше крај колоната и до болка ги стискаа вилиците, ги покажуваа забите, запенуваа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И само едно не ќе можам да ви објаснам - врискаше ли Жаклин зашто ја дознав нејзината беда или зашто ја стискав околку врат, тој врат, господа, нежен и бел како морска пена.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сега, сега, повторував во себе. Сега, сега јачеа во мене одѕиви. Сега, сега, се стискаа тупаниците на Гавранот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Го стискаше детското чевелче на врелите гради.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И месечината не се симна по стожерите гумната зрно не видоа место плод по дрвјата растеше Во дланките како леб го стискаа селаните и прворотките место чедо раѓаа камен црн гол камен.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Се развесели. „Ме сметате за опасен лудак а не знаете што станува околу вас?“ „Што станува?“ го прашаа стискајќи го меѓу себе и кикотејќи се безгласно, само со тешките раменици на кои можеа да ја држат земјината кугла.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Не пиев тогаш, брате, стискаше сега в раце полупразно шише.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сѐ уште само еден дел на телото се ослободуваа сонот, сатир, се префрла од клепките кон слепоочниците и те стиска со своите козји нозе.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Бојана чекореше со брзи чекори по патот што водеше кон Митревата куќа, стискајќи го в раце писмото тогаш дојдено од Америка, од нејзиниот Крстан.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Ти си ја загубил совеста! - рече Арсо возбудено, стискајќи ги усните.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Што мислеше да правиш? Молчам. Ги стискам колениците и гледам надолу.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Се вцрвив стискајќи ја шубарата. Мира ѓаволесто и насмевнато ме гледаше.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Трајче излезе во дворот. Му се плачеше, ама ги стискаше забите и не сакаше да го видат како плаче.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ги стискам колениците и велам: - За нашите, в шума.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Седум генерали, ни големи а ни мали, под еден се мустаќ тежок; раце шират - в преграб жежок го стискаат царот питач, со него и принцот клепкав, царицата боса, лита, принцезата нос што чепка, танка и со фустан скинат, и уште и песот царски, со некоја муцка луда, но со меч и пелерина...
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Повеќе