срипа св.

срипа (св.)

Мартин, срипа и, онака навреден, му се фрли на Николчета.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тој не се стрчна по неа. Само гавазот стрвно срипа и ја загони момата...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Срипа и поштарот. - Лакоми, од тава ќе ти ја украдат рибата!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Срипавме низ `ржаницата и подолу на патот го пречекавме Колета.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
И така, една ноќ спроти Вртолум, кога ја испија со Лоте, и со ветеринарот Скрез и последната чаша за длабок сон, и кога излегоа надвор да си одат, Бандо чу како некој со копач му удира на ѕидот од куќата; на Бандо му мина гром низ телото, му удри крвта в глава и повторно му се врати оној некогашен страв во него; срипа како ѕверка; ја грабна пушката и излета во мракот надвор; свика кон сенките што се тетеравеа крај куќата и пукна; некој офна и падна; стрчна жена му од Бандо, стрчнаа соседите и ги поткасаа бузите: го видоа Лото струполен крај ѕидот; го кренаа и побрзаа да му ја запрат крвта.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
— Потихонка, ќе срипа полицаецот и повторно ќе ја обеси главата да спие.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таа срипа како попарена: - Што ти паѓа на памет? - викна изненадена.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Знаев дека ќе дојдеш, - срипа тој, - уште „од одма“ те оценив дека си човек од збор.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Сакам утре да го носам на Пелистер, - одговори дедо ми. - Јихууу! - срипав.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Во мигот кога заѕвони со Дејко срипавме: „Имаме црно кутре... сосем црно кутре!“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Кога пак се појави мајка му на Ташко, срипавме и колку можевме се доближивме до пред зградата, загледани наугоре.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Инјекција!“ срипа Влатко исплашен. „Јас не се плашам од инјекција!“ го успокоив.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
По летото денот липал, а од својот душек дрпав оној костур бесно срипал.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- кога го свика името на детето, срипа целата мокра од креветот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Таа срипа кога го слушна поштарот како го кажува нејзиното име и презиме.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Еден од тројцата помлади крај огнот срипа и се упати кон нашата грмушка.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Срипав. Нозете не ме држеа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ги затворив; тог ми ја крена кошулата; следниот миг почувствуав како нешто ми капе во папокот, и следниог миг го почувствував неговиот јазик во него, во папокот; срипав и ги отворив очите; „Јан Лудвик, што го правиш тоа?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кога ќе му дојдат другари - ќе има другари и другарки како во Кочани - ќе можат да седнат дури и на подот - баба му даде сосем нова черга... ќе има другари и другарки... ќе има... ех, Јана... срипа, ја отвори последната фиока и оттаму го зеде албумот... милата Јана... ја засака како сестричка, пред да се роди Мими... еве ги заедно во забавиште, на приредбите во кои учевствуваа, еве ја и последната - збогум забавиште мило - заминуваме на училиште!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Во еден миг, срипал ко опарен и се опитал со крената глава и става сам да тргне кон непријателот, повторно да ги запее и разлее стиховите, за да ја покаже и докаже својата теорија, дури ако треба да гори во огнот на непријателот или да согори во сопствените зборови и стихови. Го спречиле во намерата другарите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Повеќе