сразмерно прил.
сразмерност ж.

сразмерно (прил.)

Помолча пак отец Иларион, и кога виде дека сите гледаат во него чекајќи да продолжи, рече: - Душата човекова се разликува од животните и по тоа што таа прави дела; што управува со сопственото тело; што знае дека телото ѝ е привремено боравиште; што е разумна и знае дека е од бога и во бога ќе се врати; што знае дека ако биде грешна - ќе замине мрачна и темна, а ако биде безгрешна - ќе замине чиста и светла; што знае (како што вели свети Андреј Јуродив) дека сразмерно на делата што ги направила, така и ќе свети: некоја како сонце, некоја како месечина, некоја како пламен, некоја како молња, некоја како камен скапоцен, некоја како килибар, некоја како цвет, некоја како волна, некоја како сребро, некоја како чисто злато.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ако ги разгледаме и останатите индогермански јазици, тогаш сразмерно расте и бројот на таквите случаи.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ја гледав шарата на одајчето со крупни листови, како јаворови, сразмерно поставени и со преливи на местата каде што е потребно.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Имено, Франција имала сразмерно најголеми економски интереси во Турција.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Природата ни дава однатре или однадвор товар сразмерно според нашата моќ на издржливост.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Овој закон, иако е релативно краток, има претрпено сразмерно огромен број на промени, од кои повеќето ги намалуваат правата на инвалидните лица.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Но, воведени се некои дополнувања во овој сегмент, како што се оние за времетраењето на стажот: имено, приправничкиот стаж може сразмерно да се продолжи, ако приправникот работи пократко од полното работно време, но најмногу за шест месеци.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)