спреј м.

спреј (м.)

ЈАКОВ: Јас сум слободен внатре, во она што ми е пишано. (Прска црвен спреј на лицето. Остава трага на ѕидот.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Го фатила грчката полиција во меѓународниот воз за Атина како со некоја банда ги прскаат патниците со спреј за заспивање, а потоа им ги празнат џебовите и куферите.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Алал да му е, каков штос измислил: спреј за заспивање, - си мислев.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Јас ќе ја држам, а ти донеси го спрејот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Играчката може да е нов хемиски спреј за отстранување на дамки од вино од вашиот ќилим, или заштитен аларм од крадци чии сензори можат да откријат движење на глувче.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Други велат, си го загубил волшебниот спреј со кој се фиксираат новогодишните честитки, желби, за да останат неизбришливи доживотно.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Мајсторот Ратко во гаражата држеше ситни делови за коли – свеќички, платини, четкички, лампи, осигурувачи, ремење и слично и нешто галантерија како спрејови за чистење, полир-пасти, мали пакувања бои за замачкување на разни гребнатини и други такви работи.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Одбива шарените цвеќиња во дворот да ги обои со спреј и ги остава да цутат во природна боја.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
И тие ќе се собереа околу нештата распрострени по најлонот послан на земја, некој ќе земеше некој спреј за муви, ќе се прснеше со него во носот, од силната миризба ќе се намрштеше и ќе речеше: „Не сум толку бадијалџија да тргнам муви по буништа да бркам!“
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ме молеше да ти ги подигнам перниците, твојата глава да биде на повисоко, но пак не можеше да дише, кашлаше, се гушеше…, употребуваше некој спреј за устата, но и тоа не помагаше.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Станот ни беше претворен во аптека, шишиња со инфузии, лекарства, спрејови, шише со кислород.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Па колку што знам само некои од нив имаат пиштоли и по некој електричен пендрек или спреј за привремено заслепување.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)