спремно прил.
спремност ж.

спремно (прил.)

Поштарот ја подистега шинелата, подобро ја мести капата, спремно чека.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кога ги сложи сите делчиња од затворачот, и кога го остави настрана сето тоа, зглобено и спремно, погледна низ прозорецот и таму изнајде една вредра, месечева ноќ, во која како црни сенки, продолжуваа да се развласуваат по небото топлите јужни облаци.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го гледаше како доаѓа сѐ поблиску, можеше да го гледа појасно од секогаш тоа ветерничаво суштество, во секој миг спремно да ја впие својата остра муцка во првата мрша, што ќе му се сретне на патот и да остане така, вкопан, како пијавица, како крлеж, ако сакаш скини му сѐ друго од неговото тело, ако сакаш преполови го, истури му ја сета негова утроба, само ако си му ја оставил цела онаа негова шилеста муцка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На собранието беше потпишана молба, и тоа со одушевување и од сите присутни, па возбудата се пренесе низ цел град и радоста беше бескрајна поради еднодушноста и премавнувањето на разногласијата, зашто не само Власите туку и сите други кои се спротивставуваа спремно се потпишаа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Понекогаш на овдешните собири се сретнувам со своите колеги, „источњаци“, EEW (East-Europian Writer), и гледам како се прилагодуваат кон однапред зададениот стереотип, како спремно дрдорат за censorship-от (иако самите не ја искусиле цензурата), како дрдорат за посткомунизмот, за секојдневието на својата тажна Источна Европа, како зборуваат за демократија и транзиција, како предлагаат мерки за излез од кризата (од национализам до агрикултура!), како спремно ги прифаќаат идентификациските етикети што ги носат како беџови, како се фаќаат едни за други - Русите за Унгарци, Унгарците за Чеси, Чесите за Полјаци, Полјаците за Романци, Романците за Бугари - како сите сложно да сакаат да ја откорнат таа голема и интересна посткомунистичка репка. okno.mk | Margina #8-9 [1994] 159
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Една млада жена, можеби неговата секретарка, седеше свртена со грбот кон Винстон, го слушаше и изгледаше како спремно да се согласува со сѐ што кажуваше тој.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сиромашните уметници кога немаат друг начин да им се додворат на потребите на животот, пројавуваат некоја чудна спремност да им се обратат на моќните и на богатите: во нив ја побаруваат потпората што секиневието не е спремно да им ја пружи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
На крајот ќе заклучи дека трите партизански движења: грчкото, албанското и македонското, не покажувале меѓусебен страв или сомневање и активно и спремно соработувале.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Палаво човече, нели, а сепак спремно да плаче заедно со секој нажален.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ова го велам бидејќи не сакам да се помисли дека се обидувам да промовирам некое друго лице што ќе биде спремно да ги презема на себе и моите одговорности.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Гледам кај има камења, вели тој спремно. Ми требаат камења.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
„Наш е денов, светол бегу, а и ноќта!“ одговори веднаш спремно момчакот, веќе разгледувајќи ја со љубопитство собата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Па сепак, иако на моменти ја мразиме, дури и презираме, и најпримамливите понуди за нејзиното отуѓување спремно ги одбиваме“.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Јас сум само едно кртинче, спремно за „поховање“ и печење на тивок оган. Колку за загревање.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
По неколку дена, мекото срце на Рада беше спремно за прошка. Беше спремна да го отвори срцето.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Го пребарува неговото име во компјутерот, го споредува матичниот број, ми бара државјанство, ама јас сум мајчина, спремно на „готовс“, наредено секое ливче, документче, воена книшка, извод од книга на родени од пред 100 години, како и изводи на сѐ живо од прва линија на рода, крвна и некрвна.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)