сплете (св.)

Во битките смртта на сите вам венец ви сплете на гради камен ми кладе.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Гробник еден!... за него личело да се забере и да пее под пенџере. (Николаќи повторно пее под прозорецот): Сечи, моме руса коса, Сплети скала да се качам, Да ти влезам, море’ море, в одајчето, В одајчето шарено.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Минале години... дружина водел и Парапунов партизан смел, Вапцаров в песни те славел, Пирин, од бојни песни венец ти сплел.
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
И Ристе. бидејќи си ја знае Боца каква работница му е, а ваму сака да му е подгиздена, дотерана, си ја зеде грижата и да ѝ „навезе“, и да ѝ „сплете“, и да ѝ „искае“ и кошула, и чорапи, и прегачи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го китеше на Велигден со разни китки од предено; му сплете и убави шарени калци; му ја навеза ќурдијата; му ја чешлаше дури и косата претставувајќи си го секогаш своето братче Ѓелета.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ела, ќе ти сплетам кафез од златни жици!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
А ние ќе ти исткаеме нова кошула и ќе ти сплетеме волнени чорапи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„За една недела ќе ти го сплетам пуловерот“, вели мама.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Потем заби едно колче над привот ред, над бездната, врза една ортома за колчето и побара од нас да сплетеме кошница во која ќе може да се смести човек.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Забележувам дека светлината која во лето, кога е силна, ги изедначува преслапите на планината таму пред мене, сега, пролетта, кога е поблага, ги истакнува горните делови, врвовите и тумбите, и гледам дека ги има многу, дека не е еден гребен и еден преслап, туку повеќе гребени и повеќе преслапи, дека јас сум далеку, зафатен со расплеткување на пајажината што ја сплел големиот пајак на времето.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Супер! Ќе си запалиме вистински свеќички, а не електрични трепкачи на елката!“ важно извика Мими, си стави една сребрена гирланда в коси и започна да дели подароци: за дедо и баба топли пантофли, за тато вратоврска, за мама цветен шал, за Влатко и Мими - најмногу - баба Мирјана сплела џемперчиња, мама и тато одбрале интересни книги и новогодишни фигурички од чоколада.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ги најде и волнените чорапи што му ги беше сплела баба му додека уште ѝ се догледуваа плетачките игли меѓу здрвените прсти.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Некои се веќе паднати на плеќи, други ги гмечат, натежнати од обилниот дожд, а сите се сплеле во големо косиште, расчорлавено, по бавчата и така се скапуваат.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сплетена по теркот кој му е познат само на таинствениот карактер, пајакот, таа е обвиена во волшебни бои.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
-Свилена буба, гледаш? Само таа знае знае да си го сплете својот свилен кожурец околу себе.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Помислив да наберам и да сплетам венец. Се наведнав ниско, но не за да наберам цвеќе, туку да се поклонам пред сенките и правот на тие, кои тука распарчени останаа за навек...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Гледај го телово во кое монисти од твоите прсни допири сплеле набрекнати крвни садови.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Имаше сребрена коса. Долга. Сплетена во плетенка.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Кој ќе соумее да сплете венец Од зборови во движење?
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Првобитното пелтечење беше проследено со порој комплименти на сметка на Рада, која со ниеден гест не се спротивставуваше; не се бранеше ни кога накратко прстите им беа сплетени, ниту кога неговата рака помина низ нејзините долги коси.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Повеќе