спица ж.

спица (ж.)

Се влечеше по талпите надолу до земјата на сите четири; прстите му беа полни спици и му крвавеа, но тој не можеше ни да помисли да се исправи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И застануваат пред мене ме гледаат кај што ги чачкам спиците, кај што ги џвакам со секирата, Ги мачам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас му кажувам, кога јадеме мрсно, како топиме сало, како правиме пршки и му кажувам за планината: како се делкаат главини и лактишта, спици и оски, како се прават коли воловски и му кажувам за јазот, што ми тече зад куќа, под стреа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Делкавме главини, лактишта, спици, ражништа, растоки, јареми. И сите работи што им требаат на коларите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
од секаде ги бркаат домородците, а ако излезеш еднаш, враќање нема, си фрлил камен зад себе, оние што се инаетат ги клукаат со сол, а вода не им даваат, ги полнат со рицинус, со струја и со спици, со киселини и со куршуми, со гол газ на гол мраз им го бришат паметењето, да немаш родно место, да не спаѓаш никаде, склучува договори и со Бугарија и оттаму си ги зема Грците, а Македонците ги брка во Бугарија, секаде ги поттурнуваат, им ја истргуваат земјата од под нозете, на ненадејно ги фаќаат; жените велат: не ни чинат мажите затоа е вака, а никако не си и никако не е; секоја година нов ветер, нова вејавица,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Фалејќи нѐ и благонаклоно повторувајќи го името наше, ти им го пикна во окото на нашите непријатели како спица, која сега ги боцка и ги јаде, па пред себе гледаат само крв, а во срцата свои носат само гнев кон нас...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)