спектакуларен прид.

спектакуларен (прид.)

По наше мислење тоа е неговиот активен однос на општественик за кого не постојат „мали“ и „спектакуларни “ теми.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Според неодамна издадената книга „Коментари за спектакуларното општество“ од Гај Деборд, денес живееме во клима на „општа тајност, лаги на кои не може да им се одговори“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
За три до пет години ќе бидете во можност да ја пробате виртуелната реалност, на подобрите универзитети, во спектакуларните забавни паркови за кои сепак мислам дека нема да бидат вредни труд...
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Правејќи три до пет часа готов материјал неделно во времето на врвот на својата опседнатост со филмот, Ворхол веројатно потсвесно посакувал вака спектакуларен момент.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Возењето претставува една спектакуларна форма на амнезија. Сѐ да се открие, сѐ да се избрише.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Голдштајн избега и се криеше незнаено каде, а од другите, неколкумина едноставно исчезнаа, додека мнозинството беа погубени во спектакуларните јавни судења на кои ги признаа своите злосторства.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На средината, тој беше како еден голем кањон помеѓу нив, кањон каде што се судираа спектакуларната возвишеност и понижувачкото растројство на стравот, каде што сувите бои на сонцето, со одблесок, се растопуваа од хоризонтот, а стравот од обелоденување на сопственото дно се нижеше на крвните жили, смрзнувајќи му ја душата.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
На преполни стадиони спектакуларно пристигнуваше со хеликоптер.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Огромно торжество ме снајде кога ја примив веста дека во Битола, на спектакуларниот Широк Сокак, јас ќе заблескам облеан во бронза.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Му бил организиран спектакуларен процес на исклучување од КПФ.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Јасер Арафат со својата мировна фаза ќе верува во спектакуларен успех, за многумина тој беше престанал со самоубиствената стратегија која дотогаш го обележуваше неговото владеење.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Нејзиното доаѓање беше онака како што таа го замислуваше. Спектакуларно.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)