сочинување ср.

сочинување (ср.)

Учителот Николов забележа дека имам дарба за сочинување.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Но, исто така, му раскажа дека, поради сигурност и страв од собитие кобно, најпрвин би сакал да се отвори западната одаја, со преписот, умножението на записот, сочинето од отец Мида и похрането таму пред триесет и четири лета Господови.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И јас на масата најдов уште две ливчиња од претсмртното писание на отец Мида, за кои никој не знаеше дека постојат, оти сите мислеа дека Мида умрел на половина сочинение.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сочинението е мрежа пајакова, круг, нула чиста во која се содржи сѐ, од која сѐ излегува и во која сѐ се враќа, како што од утробата на жената, на буквата Ж, пород излегува: утроба, источник на светот и уточник, кога наслада во жената и писмото се бара!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Паца копие од тој документ не сочувала бидејќи едноставно ѝ било важно нејзиното сопствено сочинение што е сосема разбирливо.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)